СИТЕ ги правите ОВИЕ РАБОТИ за да се заштитите од бактерии, но НЕМААТ СМИСЛА

Повеќето од нас сметаат дека површината на ВЦ школката е место на кое што се развиваат најголем број на бактерии. Сепак, многу истражувања покажале дека тоа и не е баш точно. Многу поголема закана претставуваат бројните бактериски колонии на кујнските површини, како даската за месо.Сите ние за да се заштитиме од бактериите, имаме по некоја навика за која што веруваме дека ќе го заштити нашето тело од нив. Професорот по микробиологија и патологија од Универзитетот Њујорк, Филип Тиерно, сепак објаснува дека  некои се бесмислени, а за што станува збор погледнете во продолжение. 
Кога некој во ваша близина ќе кивне, го задржувате здивот 
Доколку не можете да го задржите здивот навистина долго, тогаш оваа превентивна мерка нема да ви помогне, вели доктор Тиерно.
Ќе успеете да ги избегнете бактериите само ако го задржите здивот доста долго и ако се движите во спротивна насока. Кога некој ќе кивне, ситните капки со бактерии можат да одлетаат и до метар и пол подалеку и да се задржат во воздухот некое време.
Ја прекривате ВЦ даската
Нормално дека не сакате да седнете на иста даска на која што претходно седеле многу луѓе. Сепак, седењето на ВЦ даската не го зголемува ризикот од инфекции, тврди доктор Тиерно, затоа што тоа се претежно студени површини на кои бактериите тешко преживуваат. Докторот тврди дека многу посигурно е добро да се измијат рацете и да се избегнува допирање на носот, очите и устата.

 
Стискате на копчињата од банкомат со ракавици
За почеток, бактериите ќе се префрлат на вашите ракавици, па нив потоа кога ќе ги извадите, секако ќе ги допрете со рацете, за на крајот да се допрете на лицето. Така бактериите се веќе префрлени „на ваша територија“.
Добра вест е тоа што повеќето микроби кои предизвикуваат настинка и грип, изумираат после еден ден, па кога ќе ги соблечете ракавиците, ставете ги на некое суво место за да изумрат бактериите.
Ја бришете чашата или шишето доколку некој се напие претходно од истата
Да, поголемиот дел од секретот ќе го избришете, но сепак бактериите ќе останат на површината. Ако навистина сакате да го избегнете пиењето од иста чаша или шише заедно со вашиот пријател, тогаш Тиерно советува да му кажете на пријателот дека сте настинати.Сите ние за да се заштитиме од бактериите, имаме по некоја навика за која што веруваме дека ќе го заштити нашето тело од нив. Пр

Пронајдете не на следниве мрежи: