Според новото истражување објавено во научниот магазин „Адикшн“, постои поврзаност помеѓу алкохолот и карциномот која не може да се објасни со други фактори.Научниците заклучиле дека постојат доволно уверливи докази за дефинитвно да се утврди дека пиењето на алкохол е директен причинител на болеста, тврди Џени Конор, еден од авторите на истражувањето.
Алкохолот директно предизвикува најмалку седум видови карцином, а опасен е дури и за луѓето кои уживаат во мали или умерени количини, предупредуваат научниците.
– Постојат силни докази дека алкохолот предизвикува рак на барем седум локации во телото, а можеби и на другите – рекла Конор.
– Дури и без сфаќање на биолошките механизми, епидемиолошките докази ја поддржуваат проценката дека алкохолот предизвикува рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево и градите – рекла Конор и додала дека сè повеќе има докази и дека алкохолот предизвикува рак на кожата, простатата и панкреасот.
До заклучокот дошла по проучувањето на десетгодишните податоци на Светскиот фонд за истражување на ракот, Меѓународната организација за истражување на ракот, како и на Светската здравствена организација (СЗО).
– Најголемиот ризик е поврзан со поголемиот внес на алкохолот, но сериозен товар лежи и на оние кои пијат мали до умерени количини – предупредува Конор.
Според истражувањето што го спровела непрофитната организација „Кансер рисрч УК“, дури девет од десет луѓе не се запознаени со врската помеѓу алкохолот и ракот.
– Ова истражување е силен потсетник дека постои силна врска помеѓу тие две работи – рекла д-р Јана Вит, портпаролот на „Кансер рисрч УК“.Научниците заклучиле дека постојат доволно уверливи докази за дефинитвно да се утврди дека пиењето на алкохол е директен причинител на болеста, твр