Сите имаме рак. Само што кај едни се развива, а кај други не!

Треба да се разбере како функционира ракот. Микроскопските тумори постојано се јавуваат во здравиот организам, но не се опасни сѐ додека не пораснат. Еве како може да ги спречите да се развијат.Ова е нешто ново! Интересна теорија за тоа како функционира најопасната болест на денешницата. Сите луѓе при стареењето добиваат микротумор, но кај некои луѓе се развива.
Доктор на интерна медицина од Кембриџ, Вилијам Ли, веќе со години се занимава со испитување на ангиогенезата – раст на крвните садови и капилари.
Без крвните садови, туморот не би можел да се развива – но, прашањето е како може да се запре нивниот раст? Д-р Ли вели дека решението не се крие во скапите лекови, туку во подоброто запознавање со она што нѝ го нуди пазарот.
Д-р Ли е објективен и не ги заговара тврдењата дека малигните клетки лесно можат да се уништат – туморот не може толку лесно да се излекува, туку е потребна операција. Меѓутоа, она што можеме да го направиме е буквално да го „изгладниме“ додека е во фаза на формирање и тоа на начин со кој ќе ја спречиме ангиогенезата.
Имено, микроскопските тумори постојано се јавуваат во здравиот организам. Аутопсиите покажале дека 40 отсто од здравите жени на возраст помеѓу 40 и 50 години имаат микроскопски рак на дојката, додека 50 отсто од мажите имаат тумор на простатата на возраст од 50 до 60 години. Според тврдењата на д-р Ли, 100 отсто од луѓето ќе имаат микрсоскопски канцери во штитната жлезда.

Добра вест е што микроскопските канцери не претставуваат опасност сѐ додека не пораснат. За да растат и да се шират, неопходен им е доток на крв и кислород – што го добиваат од крвните садови и капиларите.
Ракот најдобро се спречува со исхраната
Постојат голем број експериментални лекови кои функционираат токму на таа база за превенција на дотокот на крв до туморот, но д-р Ли смета дека решението за овој проблем се наоѓа во кујната.
Имено, тој преку истражување открил дека одредени намирници имаат исклучително анти-ангиогенезиско дејство, дури и посилно од некои лекови!
Тука спаѓаат: црвено грозје, кељ, куркума, мускатно оревче, артичоки, лаванда, тиква, туна, магдонос, лук, домат, маслиново масло, масло од семиња од грозје, цреши, црно чоколадо, ананас, зелен чај, јагоди, боровници, капини, црвено вино, малини, портокали, грејпфрут, јаболка…
Сепак, важно е да се нагласи дека ова не се намирници што лекуваат од рак. Но, затоа претставуваат одличен начин за превенција евентуалните тумори да прераснат во вистински проблем, или барем да им се успори растот.Ова е нешто ново! Интересна теорија за тоа како функционира најопасната болест на денешницата. Сите луѓе при стареењето добиваат микротумор, но кај

Пронајдете не на следниве мрежи: