Ретки се оние луѓе кои немаат сода бикарбона во својот дом – таа може да се користи за најразновидни намени, а најдобро од сè е тоа што е евтина. Но, дали сте знаеле дека таа може да ви помогне да изгледате подобро? Еве како.Дезодоранс
Измешајте сода бикарбона со малку вода за да добиете влажна паста. Нанесете ја под пазувите како дезодоранс – дејството е исто, само што има неутрален мирис.
Шампон за длабинско миење на косата
Косата одвреме навреме треба да ја измиете со шампон за длабинско миење за да ги елиминирате наслагите од производите за нејзин стајлинг. Додадете малку сода бикарбона во вашиот шампон и користете го како и вообичаено.
Избелување на забите
Измешајте лажичка сода бикарбона со пет капки водород пероксид. Потоа додадете толку вода колку што е потребно за да се направи паста. Пастата рамномерно нанесете ја на забите и оставете да отстои пет минути. Потоа измијте ги забите со паста за заби и ќе го забележете резултатот.
Пилинг
Сода бикарбоната е фантастичен природен пилинг. Измешајте ја со малку вода и нанесете ја на лицето како и фабрички произведениот пилинг. На тој начин моментално и ефикасно ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата и другите нечистотии.Дезодоранс
Измешајте сода бикарбона со малку вода за да добиете влажна паста. Нанесете ја под пазувите како дезодоранс – д



