По повод вербалниот инцидент кој што се случи вчера на Анкетната комисија за прислушувањето помеѓу претседателот на комисијата Петре Шилегов и пратеничката Владанка Авировиќ, поголем број на пратенички од различни пратенички групи реагираа преку Соопштение до јавноста.Во соопштението, Клубот на пратенички од Собранието ги осуди јавните испади на претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов и побара да престане говорот на омраза искажуван од собраниската говорница, како и да престанат личните навреди и омаловажувањата кон колегите пратеници.
-Деновиве сме сведоци на засилен говор на омраза од собраниската говорница како и искажување на лични навреди , невистини и омаловажувања кон колеги пратеници. Поттикнати од вчерашниот испад на претседателот на анкетната комисија, а со цел надминување на овие ситуации, реагираме со ова соопштение осудувајќи ги сите вакви јавни напади на одредени пратеници. Апелираме во иднина во Собранието на Република Македонија да се практикуваат аргументирани дискусии, а не говор на омраза и упатување навреди, се вели во соопштението.
Имено, кон овој апел за осуда на говорот на омраза и навредувањата кон пратениците, се приклучија пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од редовите на ДУИ, како и независните пратенички во Собранието.
Сепак, важно е да се напомене дека кон овој апел и осуда на однесувањето на Петре Шилегов кон Владанка Авировиќ, не се приклучи ниту една пратеничка од редовите на СДСМ.Во соопштението, Клубот на пратенички од Собранието ги осуди јавните испади на претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов и побара да преста
Пронајдете не на следниве мрежи: