Постои стара изрека која вели дека „ако постои рај на земјата тогаш тоа е островот Мајорка.“Посетата на Мајорка, најголемиот остров од Белеарскиот архипелаг и еден од скапоценостите на Шпанија, во било кое време од годината значи да поминете низ еден историски спектакл, но и летување на едно од најубавите острови на Медитеранот.
Тиркизно сино море, километри рајска обала со “свилен“ бел песок по кој се чекори како по најскап тепих, чудесни заливи, лагуни и пештери и крајбрежје долго 550 километри ви гарантираат лето кое ќе го паметите.
Во далечната 1960 година, Мајорка ја посетувале преку пола милион туристи, а денес близу 20 милиони, што ја сместува во врвот на светските метрополи на туризмот.
Триста сончеви денови во годината, фасцинантна природа, градови и места како насликани на платно, идилични села , најмодерни клубови , темпераментни луѓе и ритам на лето и музика, заводливи вкусови на храна и познатото вино „Сангрија“, сето тоа е само почеток на списокот од убавини на Мајорка.
Велиме островот со илјада лица бидејќи овде ќе сретнете огромен контраст и секаков вид на забава. Постојат мирни и осамени заливи за богат одмор во малите места на северозападниот брег, но и модерна архитектура и бројни занимливости за посета, концерти и забави во главниот град и околината.
На повеќе од 80 плажи за среќа не е наметнат урбаниот дух и градската шминка. Меѓу другото тие плажи не се ничија сопственост, туку се слободни.
Па така може да излезе најнормално да се капите покрај некоја ѕвезда, или пак да пиете кафе во кафулињата. А кога сме веќе кај ова ако некогаш ја посетите Мајорка задолжително треба да го пробате и познатото шпанско кафе со мраз, „Кортадо кон ијело“.
Островот има и свои планински делови кои им нудат на авантуристите шанса да се вклучат во возбудливи спорски активности како што се искачување по планини, јавање коњи и планински велосипедиза. За љубителите на голф пак тука се наоѓа светски познатото голф игралиште Алкудија. Мајорка е дом и на многу убави катедрали со богата историја и фантастична архитектура, музеи и повеќе паркови и ботанички градини.
Главен град на островот е Палма Де Мајорка каде сигурно ќе почувствувате динамичен шпански ритам и можност да уживате во бројните продавници на познати дизајнери, ресторани и барови, но и да посетите улици кои го чуваат наследството.
Како што е и сонцето на Мајорка постојано светло и врело, така и островот и сите негови посетители се загреани од журките и ритамот на музиката.
Преку ден сонцето сјае и се прелива на површината на тиркизното море и по исончаните тела, а ноќе пулсира ритамот на музиката во забавата која не престанува до раните утрински часови, додека сонцето повторно не изгрее. И така секој ден,секоја вечер за милиони туристи.
Да не се повторувам , но да заклучам: фламенго, сангрија, колачиња тапас, дворци од бајка, импресивни планински предели и луксузни продавници, јахти, ресторани, плажи… Мајорка никој нема да го остави рамнодушен затоа вреди да се види и доживее.Постои стара изрека која вели дека „ако постои рај на земјата тогаш тоа е островот Мајорка.“Посетата на Ма