Сите лудуваат по американската пита- но овие колачиња се далеку подобри… и полесни!

Американската пита со јаболки е еден од најпопуларните специјалитети во светот, посебно во ова доба од годината. Но, мини верзијата на оваа пита е многу повкусна и се подготвува многу полесно- и секогаш можете да се залажете дека јадете нешто здраво бидејќи  содржи овошје!Потребни состојки:
-4 зелени јаболки
-1/3 шолја кафен шеќер
-1 лажичка цимет
-малку сол
– 2 лажици путер
– 1 лажица пченкарен скроб
-1 јајце
– 2 кори за американска пита
Подготовка:
Исчистете ги јаболките и исечкајте ги на ситни коцки, па ставете ги во голема чинија, додадете го шеќерот, циметот и солта, па се продинстајте  на путер па додадете го и скробот од пченка за сосот да се згусне.
Што се однесува до кората за оваа пита, можете да користите купечкикори за пица- оние тенките или сами да си направите тесто. Подеднакво добро ќе излезат и со  лиснато тесто, така да овде можете да експериментирате.

 
Развлечете го тестото во голема кора, па како што е прикажано на видеото ставајте по една лажица од сосот од јаболко. Премачкајте го тестото  со јајце, па се преклопете со друга кора и исечете ги колачињата. Печете на 190 степени околу 15 минути, или додека колачињата  не добијат убава златнокафена боја.
Потребни состојки:
-4 зелени јаболки
-1/3 шолја кафен шеќер
-1 лажичка цимет
-малку сол

Пронајдете не на следниве мрежи: