Излегувавме две недели, и потоа следуваше прочуениот повик за гледање на филм. Однапред знаев дека сигурно ќе има секс и искрено – го послакував со целото битие. Се средив и отидов кај него и ја поминав најубавата ноќ во својот живот. Девојките тоа што го зборуваат за црнците е вистина – исклучително се надарени, страсни и воедно многу внимателни.Расизам денес „повеќе не постои“. Сите се залагаат за некаква еднаквост и рамноправност и сите ние сме „нешто како еднакви“. Само не знам во кој свет и на која планета тоа е возможно. Овде кај нас во Србија и на Балканот воопшто, расизамот е присутен во сите пори и друштва, пукнатините во земјата и премините измеѓу градовите.
Белград не ги толерира поинаквите. Само се прави дека е така. Се додека не го видите на дело и додека не го покаже вистинското лице.
Бев со црнец. Не ми беше срам да излегувам со него, да се шетам низ центарот на градот и да го држам за рака. Се додека сопствениот град не ме натера да ја наведнам главата и да се чувствувам како да сум најодвратното суштество на светот.
Се започна во еден популарен белградски клуб. Излегов со друштво и си поминав одлично. Низ толку многу лица, го здогледав него. Погледите ни се споија и ми се причини дека времето застана Срцето ми затропа, и за момент заборавив каде се наоѓам.
Ми пријде после некое време и како што обично се случува – почнавме да разговараме, си разменивме броеви, се бакнавме и се договоривме да се чуеме утре. Реакциите на луѓето во тој момент не ме интересираа – премногу бев загледана во неговото убаво лице и темни очи.
Излегувавме две недели, и потоа следуваше прочуениот повик за гледање на филм. Однапред знаев дека сигурно ќе има секс и искрено – го послакував со целото битие. Се средив и отидов кај него и ја поминав најубавата ноќ во својот живот. Девојките тоа што го зборуваат за црнците е вистина – исклучително се надарени, страсни и воедно многу внимателни.
Беше совршено граден. Секој мускул му се ицртуваше на преубавото тело. Уживав и не ми е срам тоа да го кажам. И сега додека вие го читате овој текст, со наводно гадење, јас се смешкам и се присетувам на преубавите моменти.
На првиот проблем наидов кога требаше да им кажам на моите родители со кој се забавувам. Забележаа дека нешто се случува, ме прашуваа дали сум нашла некој, но бев воздржана, давајќи им само кратки одговори. Се плашев да им кажам дека дечкото ми е црнец , бидејќи можев да ја предвидам нивната реакција.
Измислував, лажев, а времето поминуваше.
Една вечер решивме да излеземе во кафуле во центарот на градот и вечерта да ја поминеме надвор. За прв пат го свртев погледот од него и ги набљудував другите луѓе. Сите се вртеа накај нас и буквално зјапаа во него. Тој се смешкаше и не обрнуваше внимание. Во еден момент покрај нас поминуваа двајца момци.
Еден од нив гласно извика:
– Види го црнецот да ти е*ам! Вистинска црнчуга!
– Ма види ја ти оваа ку*ва до него! – викна другиот.
Цврсто му ја стегав раката и го спуштив погледот. Толку ми беше срам, што мислев дека ќе умрам.
– Не грижи се. Јас сум навикнат на вакви работи. Луѓето се чудни но со време ќе научиш да ги игнорираш – ми рече смирено, како ништо да не се случило. Неговата реакција ме воодушеви. Но и понатаму не можев да верувам што навистина се случи.
Во кафулето беше малку подобро, но не можев да се оттргнам од чувството дека сите не гледаат. Чувството не ме лажеше.
Со момчето поминав цели 6 месеци. За тоа време, имавме уште минимум десет слични инциденти. Еднаш дури и продавач во продавница ни рече дека не сакал „обоени луѓе“ и отворено ме праша што барам со „берач на памук“.
Нашата врска се заврши така што тој си замина од Белград. Јас останав да живеам во белиот град, кој во мојот случај не толерираше други бои.
Ми останува само да се надевам дека денес, после извесен период , ситуацијата е малку поинаква. Расизам денес „повеќе не постои“. Сите се залагаат за некаква еднаквост и рамноправност и сите ние сме „нешто како еднакви“