Студентка прва година на Универзитет во Америка работи како порно глумица , а со парите кои ги заработува си го плаќала своето школување. Се до пред извесно време таа својот идентитет успешно го криела, но тајната ја открил нејзин колега по што настапиле проблемите.Веста за студентката која е прва година на Универзитетот Дјук во Америка а заработува за живот така што снима порно филмови, ја вознемири јавноста. Представена е како Лорен а на еден од блоговите има опишано низ какви проблеми поминува во обид да го прикрие својот идентитет од колегите и професорите.
– После паузата за време на празниците забележав зголемен број на барања за пријателство на Facebook. Не ми беше јасно која е причината за зголемениот број на барања за пријателства но потоа сфатив дека еден од моите колеги го открил мојот таен профил.
– Бев во неверување. Знам што сега ќе следи – страв, понижување, срам итн. Она што не го очекував е тоа да брутално ме малтретираат на Интернет. Не очекував да биде коментиран секој детал од мојот приватен живот – наведува Лорен, за која некои медиуми тврдат дека се работи за порно глумицата Бели Нокс.
– Својата тајна ја открив на еден од колегите на факултет, а тој се пренел на останатите студенти. Затоа сега сакам својата приказна да ја пренесам на медиумите. Доколку луѓето разговараат за вас, добро е вие да го контролирате тој разговор. Затоа и решив да дадам изјава – напишала младата порно-актерка.
И покрај се, како што има наведено на својот блог таа навела дека се чуствува силно и дека ќе помине низ сето ова.
– Никогаш се немам чуствувано по силно. Во свет каде што жените често немаат избор јас својата сексуалност во потполност ја контролирам. Како бисексуалка со многуте сексуални афинитети се чуствувам привлечно.
– Не ми е страв поради порнографијата, напротив таа ме исполнува. Сепак само сакам луѓето да ја почитуваат мојата приватност – порачала студентката.
– Пронајдов начин како да го завршам факултетот кој одсекогаш го сонував, немам други долгови поради тоа што го работам а ме прави среќна – завршила студентката.Веста за студентката која е прва година на Универзитетот Дјук во Америка а заработува за живот така што снима порно фи



