Претседателот на Барселона, Сандро Росел, даде мошне интересена изјава за јавноста каде потенцираше дека аргентинскиот интернационалец од редовите на каталонскиот тим, Лионел Меси, во никој случај не може да биде ставен на продажба.Претседателот на каталонскиот тим, вели дека доколку некој клуб е заинтересиран за Лионел Меси, тогаш тој би морал да издвои фантастични 580 милиони евра, што е невозможна цифра за кој и да е тим.
„Како прво, мораат да платата 250 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, а потоа уште 56 % на име данок, што носи сума вкупно околу 580 милиони евра“ изјави Росел.
Тој надополни дека сите играчи се на продажба и дека сите можат да си заминат, но, само еден играч е ставен како посебен и фудбалер кој не се продава по никоја цена, Лионел Меси.
„Сите играчи се на продажба и сите можат да си заминат, сите, освен Лео Меси“ изјави Росел.Претседателот на каталонскиот тим, вели дека доколку некој клуб е заинтересиран за Лионел Меси, тогаш тој би морал да