Ни се заканува нов Ел Нинњо?Секои десет дена сателитот „Џејсон 2“ кој во вселената го испратија заедно НАСА и Француската свемирска агенција ги следи океаните во светот и промените на површината, длабочината на водата, топлината во горните слоеви…Деновиве „Џејсон 2“ бележи чудни промени и тие многу личат на оние од 1997 година.
Со оглед на фактот дека 70 проценти од нашата планета е поркиено со океани, активноста на овој сателит е клучна за глобалната прогноза на времето и климата.
-Комбинацијата на податоци кои се однесуваат на површината на водата и температурата многу ме потсетува на тоа како пацификот изгледаше пролетта 1997 година. испадна дека тоа беше најава за големиот „Ел нинњо“, вели Бил Пацерт, стручњак за клима во лабораторијата на НАСА.
Новото видео истражува дали навистина нов „Ел Нинњо“ се создава во Тихиот океан.
-Не можеме да бидеме сигурни дали Ел Нинњо ќе се создаде во текот на 2014 година, ниту колку голем ќе биде, внимателен е Мајк Мекфарден од НОАА, „Pacific Environmental Research Laboratories” од Сиетл, но податоците кои ги испрати Џејсон- 2 ја поддржуваат теоријата дека се создава Ел Нинњо кој минатиот месец го објави НОАА.
Она што Џејсон-2 видел е серија „Келвинови бранови“-масивни промени во нивото на морето, кои се случуваат по должината на целиот Пацифик, од Австралија до Јужна Америка. Тие бранови би можеле да бидат најава за Ел Нинњо.
Секои десет дена сателитот „Џејсон 2“ кој во вселената го испратија заедно НАСА и Француската свемирска агенција ги следи океаните во с