Сите сакаат да го допрат неговиот опаш: Долг е 18 цм и носи благосостојбa

Многу жени кои не можеле да забременат подолго време, родиле дете откако ја допреле опашката на ова 13-годишно момче од Индија. Сепак, Аршид ќе ја отстрани за да може да стане од инвалидската количка.Тинејџерот од Индија, Аршид Али Кан (13), локалните жители го гледаат како Бог поради опашката долга 18 сантиметри. Тој станал симбол на божество на државата Пенџаб.
Локалното население верува дека момчето е реинкарнација на Богот-мајмун Хануман и го нарекуваат Балаји. Меѓутоа, Аршид е врзан за инвалидска количка и сака да се ослободи од опашката за да може да се движи како сите останати.”Оваа опашка ми е поклон од Бога. Луѓето ме обожуваат бидејќи му се молам на Бога и нивните желби се остваруваат. Не се чувствувам ниту добро, но ниту лошо бидејќи ја имам опашката”, изјавил Аршид. 

Татко му починал додека тој имал само четири години, а мајка му по смртта на сопругот се премажила. За момчето останал да се грижи дедото Икбал Куреши и двајцата чичковци. “Кога тој почна да зборува, го изговараше само Божјото име. И тоа од различни религии! Тогаш сфатив дека во него има нешто натприродно”, изјавил дедото. Нивниот дом е претворен во храм. Постојано пристигнуваат луѓе да го посетат и да ја допрат неговата опашка за среќа и благосостојба. Честопати тука доаѓаат и парови кои не можат да имаат деца. Откако Аршид ќе ги благослови, жената забременува. Но Аршид тешко ги усогласува ваквите обврски со училишните и со социјалниот живот, односно играта со врсниците.”Никој не се шегува со мојата опашка. Сите само сакаат да ја видат и допрат”, кажува Аршид.

Лекарите не знаат зошто има опашка: Операцијата е опасна – Лекарите немаат одговор. Некои тврдат дека има форма на spina bifida, некои дека станува збор за мека крива коска, а третата варијанта дека се работи за израсток од 'рбетот предизвикан со неправилен раст. Доколку е облик на spina bifida може да доведе до целосна парализа. Наредната недела ќе го посети хирургот кој му предложил операција. меѓутоа семејството не е сигурно со ваквата одлука. Тие сметаат дека подобро би било да ја задржи опашката отколку да подлегне на опасна операција. 
“Но Аршад е тој кој ќе одлучи. Доколку се одлучи да се оперира, ние ќе бидеме со него”, изјавил дедото, а момчето додало “Лекарите ќе ми ја отстранат опашката, а луѓето можат да продолжат и понатаму да веруваат во мене”.Тинејџерот од Индија, Аршид Али Кан (13), локалните жители го гледаат како Бог поради опашката долга 18 сантиметри. Тој станал симбол на божество н

Пронајдете не на следниве мрежи: