Агенцијата Асошиејтед прес ги анализираше сличностите и разликите помеѓу Крим и Косово и наведе дека клучниот аргумент на рускиот претседател Владимир Путин за оправдувањето за сецесијата на Крим од Украина и неговото припојување кон Русија, беше фактот дека Западот ја признал косовската декларација за независност во 2008 година.„И Косово и Крим имаат мнозинско население кое им припаѓа на националните малцинства. Баш како што косовските Албанци се плашеа од репресија за време на автократското владеење на покојниот претседател на Србија – Слободан Милошевиќ, Русите од Крим се плашеа од националистите кои ја преземаа власта во Киев“, се наведува во текстот.
Како и во Косово, така и во Крим мнозинското население се изјасни во корист на сецесија, а српското малцинство на Косово од една и татарското и украинското население на Крим од друга страна, воглавно го бојкотираа гласањето.
НАТО интервенираше на Косово, а руските трупи влегоа на Крим пред референдумот – тоа се отприлика сличностите помеѓу овие два случаи.
Кога станува збор за разликите, АР потсетува дека НАТО реагираше дури по собирањето на докази за српското злоставување врз Албанците, вклучувајќи масовни убиства и депортации, додека пак, руските сили интервенираа на Крим, иако не е забележано никакво насилство врз етничките Руси.
По заминувањето на српските сили од Косово, Западот испрати мировни сили, додека руските трупи го заземаа Крим пред референдумот.
Косово прогласи независност, но не се припои кон Албанија, додека Крим се приклучи кон Русија веднаш по референдумот. Косово прогласи независност девет години по одвојувањето, додека Крим се отцепи од Украина само неколку недели по бекството на Виктор Јанукович во Русија.
Во 2010 година во јули, Меѓународниот суд за правда и објасни на Србија дека одлуката за прогласување на независнот на Косово не била нелегална.
Путин се повика баш на косовскиот преседан, кажувајќи дека ако нешто важело за Косово ќе може да важи и за Крим, додека западните лидери ги отфрлија неговите аргументи со тврдење дека Косово е „единствен случај“ поради големиот број на жртви, додека руските акции во Украина ги карактеризираа како кршење на меѓународното право.„И Косово и Крим имаат мнозинско население кое им припаѓа на националните малцинства. Баш како што косовските Албанци се плашеа од репресија