Филип Петровски му одговори на платеникот на Сорос од грчка страна, кој на својот профил на Твитер се обиде да ги омаловажи трудот и допринесот на нашата земја кон решавањето на бегалската криза.Бјорн Кицман објави видео на неговиот Твитер профил, во чиј опис ја наведе вчерашната ситуација на македонско-грчката граница.
Имено, во видеото ја наведе реченицата на македонскиот полицаец за кој многумина го нарекуваат херој и кој без сомневање и со достоинство рече дека е подготвен да умре за Македонија.
Но, шведскиот новинар како да подзаборави на човечките вредности кога станува збор за признавањето на идентитетот на нашата земја и ја ослови како ПЈРМ.
Директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, без влакна на јазикот му возврати дека тоа се МАКЕДОНСКИ полицајци, а не ПЈРМ-ски и да престане да ја навредува нашата земја.
Сите ние сме исто, МАКЕДОНЦИ ДО ГРОБ. Слава на овој херој. Збори во име на стотици илјади од нас.
Posted by Filip T. Petrovski on Monday, April 11, 2016
Македонија се наоѓа помеѓу два огна. Двата огна се од ЕУ. Како земја која не е членка на Европската унија, Македонија добива критики поради „бруталноста“ кон мигрантите. Поради кого?
Поради истите тие господа од ЕУ, коишто сакаат дворот да им биде чист и нередите и можните сценарија за дестабилизација да бидат реализирани што е можно подалеку од нивните граници.
Друг твитерџија возврати на оваа арогантност со цврст став:
„Дали знаете дека МАКЕДОНСКАТА армија и полиција ја бранат и вашата земја?“
Да, ние сме подготвени да умреме за нашата земја! Време е маските да паднат и да се возврати со цврст став на шпекулациите и лагите поради кои страдаме, да се стави крај на подмолната политика на јужниот сосед кој НАМЕРНО пропушта бегалци за да го оцрни образот на нашата земја.
Секоја чест за овој припадник на безбедносните сили. Ова е моја држава и подготвен сум да умрам за неа!I am ready to…
Posted by Puls24.mk on Monday, April 11, 2016
Бјорн Кицман објави видео на неговиот Твитер профил, во чиј опис ја наведе вчерашната ситуација на македонско-грчката граница.
Имено, во ви