Сите шпекулации досега: Galaxy Note 4!

Поминаа веќе две и пол години од претставувањето на оригиналниот Galaxy Note, а оттогаш имаме видено две нови верзии, Galaxy Note II и Galaxy Note 3. Време е за четвртата верзија, која се очекува да биде најдобрата досега…Дизајн
Голема е веројатноста Samsung да не прави големи варијации во поглед на дизајнот. Големината би требала да биде идентична на претходниот модел, односно повторно ќе добиеме 5,7 инчен екран на допир, кој овојпат ќе биде со неверојатната QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели.
Задниот дел најверојатно ќе биде изработен од пластика со перфориран дизајн, слично како кај популарниот Galaxy S5. Доколку ова е вистина, тогаш би можеле да очекуваме и поголем избор на бои за новиот уред (сина, златна).
Голема е веројатноста телефонот да поседува IP67 сертификат, односно да биде отпорен на прашина и вода до 1 метар.
Екран
Како што споменавме, очекуваме 5,7 инчен екран со висока QuadHD резолуција. Компанијата веќе произведе верзија на Galaxy S5 со оваа резолуција, така што голема е веројатноста да се оствари шпекулацијата.
Поинтересна вест е можноста екранот да биде заоблен на рабовите, со што тие делови би се користеле за специфични функции – на пример отклучување и заклучување на телефонот. 
Повеќе на следниот GSM.MKДизајн
Голема е веројатноста Samsung да не прави големи варијации во поглед на дизајнот. Големината би требала да биде иде

Пронајдете не на следниве мрежи: