Сите услови кои беа потребни за Зоран Заев да ги предаде материјалите до Специјалното јавно обвинителство се исполнетиСтанува збор за хард-дискови со материјали кои СДСМ нелегално ги поседува, за чие чување не е потребно многу место.
Премиерот Никола Груевски во вестите на Сител телевизија рече дека обезбедено е се што е побарано од СЈО.
-За вакви хард-дискови е потребен сеф кој Владата го испорача до СЈО. Немаше барање, но дознавме од медиумите и веднаш испративме сеф. Потребно беше 24 часовно обезбедување, по што Владата го задолжи МВР за обезбедување на 24 часовно обезбедување. Двата услови се исполнети, рече премиерот.
Откако партискиот портпарол Петре Шилегов како образложение зошто не се предаваат материјалите до СЈО како една од причините го наведе фактот дека Јанева нема кафекуварка, премиерот на шега искоментира дека кафекуварка не е потребна да ги чува материјалите во СЈО.Станува збор за хард-дискови со материјали кои СДСМ нелегално ги поседува, за чие чување не е потребно многу место.
Премиерот Никола Груевс