Преговорите за нова влада, овојпат помеѓу ДУИ и СДСМ се во тек, и можно е меѓу нив да се договори нова влада. Според официјални изјави на ДУИ во време на мандатот на Груевски тие ги договориле сите прашања, единствено немало договор за продолжување на мандатот на СЈО како и за чистка во судството, полицијата и обвинителството според планот на Прибе.Ако според ДУИ тие со ВМРО – ДПМНЕ договориле се што е потребно, може ли СДСМ да им испорача продолжување на мандатот на СЈО и чистка, масовни смени во обвинителството, полицијата и целиот судски ситем. Неможе. Сето наведено спаѓа во уставни категории за кои се потребни две третини од пратениците во парламентот, и без гласовите на ВМРО ДПМНЕ ниту една од тие точки неможе да се реализира. Како ни кантонизацијата која СДСМ ја нуди на Албанците и на ДУИ, и дел е од нивната иборна програма. Тогаш. Зошто воопшто ДУИ преговара со СДСМ ако Заев неможе да испорача ништо што на ДУИ му е потребно, и што ја прави разликата во однос на понудата од ВМРО -ДПМНЕ.
ДУИ на овие избори загуби околу 70.000 гласови, околу половина од тоа, или 35.000 гласови им зема СДСМ директно на своја сметка, преку кампања, напади и навреди кон ДУИ и Али Ахмети кои Заев и СДСМ ги туркаат повеќе од две години наназад и јавно, и преку објавувања приватни телефонски разговори на раководтсвото на ДУИ. СДСМ го оствари својот план, го урна ДУИ, го загрози авторитетот на Али Ахмети, и ги стави во позција да зависат од СДСМ во иднина со што во ДУИ веќе не одлучуваат сами за себе, туку за нив решаваат Заев и СДСМ.
Она што, суштински, ја прави разликата помеѓу понудата за коалиција добиена од ВМРО – ДПМНЕ и понудата од Заев и СДСМ – е идниот статус на Али Ахмети пред СЈО. Имено, Ахмети е во постапка кај Катица Јанева и тоа по иницијатива и за потреби и интерес на Заев и СДСМ кои, со таа постапка против Али Ахмети имаат оружје да го уценуваат и определуваат што понатаму тој и ДУИ ќе прават во политиката.
СЈО и Катица Јанева, непосредно пред преговорите за нова влада, ги запреа постапките против Зоран Заев, Верушевски и неговите соработници, и со тоа му даде на Заев позиција без страв од прогон да преговара. Но, за Али Ахмети СЈО има други намери. Не му го затворија случајот Телеком, и нема да биде затворен се додека не се договори за владина коалиција со Заев и СДСМ, а потоа спонтано СЈО ќе издаде соопштение дека нема основ за прогон на Али Ахмети, и наградата за шефот на ДУИ за коалиција со Заев ќе си дојде. Тоа е суштината на понудата на СДСМ, новата партиска злоупотреба на СЈО и позицијата на уценетиот Али Ахмети.
Под страв од судски прогон од СЈО Ахмети и ДУИ се откажаа од тешко заработениот федерален принцип – најсиланата албанска партија да коалицира со насјилната макеоднска партија, што беше врвен политички дострел на Али Ахмети и ДУИ кои на Албанците им гарантираа посебен, консензуален статус во Макеоднија. Тоа сега падна во вода.
Ако ДУИ навистина загуби многу, најголема вина за загубата е кај трите нивни силни градоначалници – Изет Меџити во Чаир, Теута Арифи во Тетово и Невзат Бејта во Гостивар кои очигледно биле лоша власт која дала повод и причина да се гласа против ДУИ онаму каде што албанците се во мнозинтсво. Тие се за коалција со СДСМ затоа што сакаат вината за поразот од себе да ја префрлат на друга страна, и патем да ја дозаглават партијата ДУИ уште повеќе.
Ако ДУИ коалицира со СДСМ на наредните локални избори неможе да смета на гласови од ВМРО – ДПМНЕ во Тетово, Чаир или Гостивар, а во сите тие места ВМРО – ДПМНЕ има многу повеќе гласови и поддршка од СДСМ, што во сегашниов распоред на сили значи пораз на ДУИ барем во Чаир и Гостивар. СДСМ и да сака неможе на локалните избори да им помогне на ДУИ бидејќи се слаби на терен, а овен тоа имаат обврски и кон Беса, а имаат и албанци во своите редови кои имаат амбиција за градоначалници па СДСМ мора да обезбеди гласови за нив.
Дали е на повидок, веќе од локаните избори, нова идна коалиција помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и Беса поддржана од пријателите на Груевски во Турција, и која на Беса и обезбедува градоначалници во Чаир и Гостувар, и ја подига на ниво кое е во најмала рака равноправно со она кое сега засега го има ДУИ на политичката сцена.Ако според ДУИ тие со ВМРО – ДПМНЕ договориле се што е потребно, може ли СДСМ да им испорача продолжување на мандатот на СЈО и чистка, масовни смен