ВМРО-ДПМНЕ се решени да не дозволат двојазичност на цела територија независно дали во периодот кој следи ќе бидат власт или опозиција, како и дека за тоа веќе имаат соодветни механизми и дека во тој поглед нема отстапување од ставот промовиран во предизборието, објавува Сител телевизија.Партиски извори за Сител додаваат дека ДУИ во коалиција со СДСМ не само што нема да добие подобар закон за јазиците, туку воопштво нема да има ниту измени на постојниот, ниту ново законско решение.
-Од партијата велат дека и во ДУИ се свесни дека се што кажал Заев досега не било вистина и сметаат дека Ахмети тоа добро го знае. Од партијата повторуваат дека евентуална коалиција на ДУИ со СДСМ ќе значи и дефинитивно напуштање на принципот за коалиција на победниците со што мнозинската волја на Македонците нема да биде испочитувана, а ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да има обврска да коалицира со партијата за која гласале најголемиот број Албанци, објавува Сител.
-Ние немаме намера да учествуваме, да помогнеме или да дозволиме воопштво да биде изиграна политичката волја на граѓаните на Република Македонија кои покрај целиот предизборен менаџмент кој беше направен и од ден на ден станува се појасен, многу јасно и прецизно кажаа кој е победник на овие избори и која е партијата која треба да биде носечки елемент на следната Влада на Република Македонија, истакна вчера за Сител членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
За експертите целата игра со добивањето на мандатот од претседателот е неразбирлива. Според нив никој не му забранува на Заев и без мандатот да договори коалиција со албанските партии.
-Клучното прашање во овој момент не е доделувањето на мандатот, иако и тоа е особено значајно од аспект на тоа работите да останат во рамките на една предвидена процедура, но спак во овој момент со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме клучно е тоа која политичка партија ќе обезбеди 61 пратеник во Собранието, вели за Сител универзитетскиот професор Александар Спасеновски.Партиски извори за Сител додаваат дека ДУИ во коалиција со СДСМ не само што нема да добие подобар закон за јазиците, туку воопштво нема да има ниту