Сити и ПСЖ подготвени да платат 63 млн. евра за Кавани

Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, тргнаа по потписот на Едисон Кавани, откако објавија дека се подготвени да ја платат откупната клаузула која изнесува 63 милиони евра.
Англиските медиуми наведуваат дека преставници на двата клуба, минатиот месец, веќе ги објавиле првичните разговори со репрезентативецот на Уругвај. 

Роберто Манчини, во Манчестер Сити, сака да го донесе Кавани, како замена за Марио Балотели кој е нов играч на Милан, од друга страна во ПСЖ се надева дека преку поранешниот соиграч на Кавани, Езикел Лавеци ќе успее да стигне до неговиот потпис. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, минатото лето одби понуда од 50 милиони евра, која Зенит ја испрати за првиот стрелец во Серија А. Кавани во текот на кариерата постигнал 142 голови на 268 натпревари, во дресот на Наполи на 121 натпревар постигнал 93 погодоци. Уругваецот во кариерата има играно за Данубио и Палермо.
 
Makфакс
Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, тргнаа по потписот на Едисон Кавани, откако објавија дека се подготвени да ја плата

Пронајдете не на следниве мрежи: