Ситуацијата во општина Бутел и денес е иста. Демонстрантите што палеа и уриваа огради продолжуваат да го узурпираат земјиштето каде се планира изградба на крст, а полицијата има наредба да биде нем набљудувач на беззаконието што на терен се случува пред нивните очи.Лицата кои дивееја низ скопски Бутел заедно со членови на ДУИ во целосна корелација и договор со Оливер Спасовски, непречено се прошетаа низ населбата и си поставија шатори. По налог на техничкиот министер од СДСМ, полицијата се повлече и така демонстрантите го пробија безбедносниот периметар и запалија дел од барикадите и палмите поставени во тој простор.
За цело време на вчерашните безредијата полицијата, по наредба од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не реагираше. На местото беа присутни само обични полицајци, додека специјалната полиција беше стационирана далеку од случувањата.
Со толерирањето на ваквиот хаос, Спасовски практично ги амнестира лицата и ги мотивира сите оние кои во иднина би сакале да тераат сопствена правда над законите.
Иако од МВР денес преку кусо соопштение информираа дека состојбата се следи и нема да биде дозволена екслација, како и дека секое кршење на законите повлекува соодветни санкции, досега Спасовски не презема никакви мерки за да го расчити беззаконието и хаосот.
Во МВР молчат и се без одговор на прашањата испратени до нив за тоа дали и какви законски мерки се преземени во врска со незаконските дејствија во текот на вчерашниот ден во скопски Бутел. Ниту на официјалната страна на Министерството нема информација за поднесена пријава против сторителите на овие дела што е уште една потврда дека по наредба на Спасовски хаосот во Бутел наместо да се расчисти согласно законите, тој се толерира.Лицата кои дивееја низ скопски Бутел заедно со членови на ДУИ во целосна корелација и договор со Оливер Спасовски, непречено се прошетаа низ населб