Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева продолжува да работи на креирање политички спектакли, наместо да работи во име на правдата.Јанева и СЈО дури вчера доцна попладне ја повикале на распит екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да се појави веќе денес во СЈО на распит за случајот Тврдина.
Без докази и аргументи СЈО побарало од Јанкулоска да се произнесе за конструкциите на обвинителството кое јавноста ги препознава како нарачки на СДСМ. Барањето за произнесување без докази е противзаконски и укажува на дилетантизмот и аматеризмот на СЈО, односно на нивната основна цел – креирање на медиумски спектакл преку повикување на поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ на распити без докази и елементарни услови да се одржат, како и отворање на нови случаи „ради-реда“, без докази и базирани само на шпекулации и измислици, се со цел да се помага валканата ПР кампања на СДСМ.
Ваквиот начин на делување на СЈО е своевидно „продолжување“ на „бомбите“ на Заев, нелегално стекнатите материјали кои по креирано сценарио беа селективно пуштани во јавноста откако претходно биле обработувани и селектирани со манипулативна цел.
Со ова уште еднаш како и многу пати до сега се докажува дека и со овој случај СЈО само ја одработува агендата на СДСМ за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ, а не води битка за спроведување на законот и правдата. И покрај се екс-министерката, за која СЈО воден од истата логика за креирање спектакли бараше посебни мерки за претпазливост, денес се појави во канцелариите на Јанева и ги демантираше уште еднаш ваквите конструкции на СДСМ и СЈО.
-Денес дојдов во СЈО на нивна покана, која и покрај тоа што ми беше доставена вчера доцна попладне, јас уредно се одзвав, со што практично паѓаат во вода сите нивни тврдења дека се потребни не знам какви мерки за успешно да ја водат постапката која ја започнаа. Се работи за предмет за кој неколку пати е зборувано во јавноста, за кој неколку пати тие предлагаа мерки за претпазливост и за кои судот одлучи онака како што процени согласно доказите и фактите кои му беа приложени. Меѓутоа, како странки кои би морало да бидат рамноправни во една постапка, јас и тимот на мојата одбрана инсистираме да бидат исполнети барем минимум елементарни услови за процедурата да може да се одвива каде што ќе бидат испочитувани минималните права на странките во постапката. Токму во тој контекст денес побаравме минимално почитување на процесните права, но јас од друга страна со оглед на тоа што професионално се занимавам со политика веќе подолго време, свесна сум дека ова што сега се случува можеби и на брзина од страна на СЈО е резултат на тоа што се наближуваат изборите и како што јавноста во повеќе наврати беше сведок и медиумите коментираа, тие се целосно ставени во функција на политичката кампања на опозицијата, која и после толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Македонија и единствената и според нив најважна алатка за претстојните парламентарни избори, останува да биде СЈО. Во периодот што следува очекувано е вакви распити да се повторуваат, да има интензитет на работа, впрочем како што го најавија тоа и самите претставници на обвинителството, истакна Јанкулоска.Јанкулоска посочува дека при обезбедени минимум услови од страна на СЈО, таа ќе биде секогаш достапна и спремна за соработка.
-Функцијата која ја извршував речиси девет години ја вршев максимално професионално и посветено, во интерес на граѓаните на Република Македонија, во интерес на државата, и немам од што да се плашам. Од мој интерес е сите постапки да се отворат и затворат за сите овие политички конструкции и обвинувања, па и местенки, ако сакате, и да се деконструираат за конечно јавноста да види дека зад сето ова стои една политичка игра на опозицијата во која веруваат сè помалку луѓе, рече Јанкулоска.
Јанева и СЈО дури вчера доцна попладне ја повикале на распит екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за да се појави веќе денес в
Пронајдете не на следниве мрежи: