Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денес на прес-конференцијата која се одржа во ЕУ Инфоцентарот истакна дека претстојните избори се многу важни и дека тие треба да се спроведат на начин по кој никој нема да може да ги критикува. Подготовките и спроведувањето на изборите се во согласност со присуство на ОДХР и институциите.Во врска со Специјалното Јавно Обвинителство комесарот Хан ги повика сите соговорници да се погрижат СЈО да може да си ја работи својата работа.
Сите соговорници се соглaсиле дека ќе помогнат СЈО да си ја заврши работата на адекватен начин. Комесарот Хан исто така ги пофали медиумите за нивното неутрално и непристрасно известување и дека тоа претставувало можност тие да си ја одиграат улогата на професионален начин. Пофалби доби и Државаната Изборна Комисија која си ја работи својата работа професионално како и на претходните избори.
Овие избори се важни бидејќи 2 години има нестабилност и има нестабилна економија. Хан нагласи дека нема да ја напушти земјата без да се заблагодари за предизвиците од мигрантите, и дека земјава даде придонес и стекна меѓународна репутација.
На прашање од медиумите комесарот Хан истакна дека има напредок во избирачкиот список и по прашањата за медиумите и има многу точки кои се исполнети, и едно прашање остана отворено тоа е големината на Изборната единица 6. Особено значајно е да не се провоцираат меѓуетнички прашања за време на кампањата.Во врска со Специјалното Јавно Обвинителство комесарот Хан ги повика сите соговорници да се погрижат СЈО да може да си ја работи својата работа.