СЈО сега ќе активира нови обвиненија со цел дефокусирање на македонската јавност од посетата на медијаторот Метју Нимиц и разговорите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев за промена на името.Специјалното јавно обвинителство (СЈО) стандардно е димната бомба која на Заев треба да му обезбеди преговори за името, далеку од очите на јавноста.
Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во недела и во понеделник, во Скопје ќе се сретне со владини претставници за деценискиот спор за името со јужниот сосед.
Пред посетата на Нимиц, СЈО почнува со димни бомби со цел да се покрие темата за името. Партиското обвинителство на СДСМ ќе пушта обвиненија, ќе дава изјави и ќе предлага мерки против обвинентите, за да се одвлече вниманието на јавноста и Заев да може без никаков притисок да ги води разговорите со Нимиц.
Од Скопје, Нимиц ќе отпатува во Атина. Тој неодамна во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на проблемот со името треба да е високо на агендата на новата македонска Влада.
Веќе видена тактика на СДСМ е да се повика на помош од СЈО, да се нарачаат и конструираат истраги и обвиненија за да ја дефокусираат јавноста со нови спектакуларни прес конфренции.Специјалното јавно обвинителство (СЈО) стандардно е димната бомба која на Заев треба да му обезбеди преговори за името, далеку од очите на јавноста