СЈО е инфантилно, новинарите се пристрасни

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски смета дека Специјалното јавно обвинителство е инфантилно и пристрасно со тоа што објави дека предметите што се паднале кај еден судија, без причина, му биле одземени и дадени на други две судијки, кои потоа ги отфрлија барањата за претрес кај поранешни и сегашни функционери. Реагираа и од Кривичниот суд.
 

СЈО треба да работи во рамки на законите и овластувањата, вели првиот човек на Судскиот совет, Караџовски.
„Сега имаме ситуација за некое дејствие што било на 20 јануари, а се објавува на 30 јануари. Дали тоа коинцидира со некои настани во државава или не, тоа е тема за дискусија“, рече Караџовски во врска со обвинувањата на СЈО за наводните местења судии кога треба да се решава по нивните предлози.

„Се работи за, најблаго речено инфантилно однесување. Има закон за кривична постапка има начин на реагирање и начин на постапување. Сега тоа обвинителство оди чекор понатаму, со именување на совети и на судии. Значи има закони има процедури…. Вакви односи рекла-казала и обвинувања преку медиуми, па скандализирање и сензционализам од вас новинарите, па скандал во суд, јас го разбирам како пристарсно постапување и од страна на вас.“ – изјавува Зоран Караџовски, Претседател на Судски совет.
 

СЈО треба да работи во рамки на законите и

Пронајдете не на следниве мрежи: