СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС. Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото, изјави денес Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.Тој вели дека обвиненијата за овие отворени случаи се без никакви докази, а се со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.
СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави со цел да ги поткрепи монтираните случаи. Таму каде што не можеше да поткупи, СЈО се служеше со заплашување и закани врз лицата за да потврдат нешто што не се случило никогаш. СЈО имаше и има само една единствена задача, а тоа е да истражува и обвинува за непостоечки случаи, кои ги измислуваше Зоран Заев, вели Стојаноски.
Тој додава дека ова нема никаква врска со правото туку исклучиво со политика.
Постапките на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие служат за една употреба на СДС, со цел оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.СЈО е обична политичка алатка која има ограничен рок на траење. СЈО не смее да се става над законот. Согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Секој нов прогон и тормозење кој СЈО ќе го врши врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност на вработените на СЈО, заклучува Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.Тој вели дека обвиненијата за овие отворени случаи се без никакви докази, а се со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.