СЈО е продолжена рака на СДС и воопшто не изненадува тоа што Зоран Заев испраќа соопштенија и реакции во име на Катица Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Работењето на СЈО е целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно, па затоа користи иста ПР служба со СДС.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта во кои што бил уредно и навремено поканет.
Зоран Заев е рекордер по средби со амбасадори, конзули, портири кои служат единствено како повод за да се избегне појавување пред судовите. Зоран Заев е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство. Зоран Заев е политичарот кој е два пати аболициран за финансиски криминал и за дела против државата. Првиот пат беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски за 8 милиони евра кои незаконски ги присвоил во случајот „Глобал“, а вториот пат му беше повлечено обвинението токму од страна на Катица Јанева за случајот „Пуч“.
Затоа лицемерно е Зоран Заев да испраќа партиски соопштенија пред себе си да се погледне во огледало.Работењето на СЈО е целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно, па затоа користи иста ПР служба со СДС.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ