Специјалното јавно обвинителство денес гo повлече обвинението потив Зоран Заев со што донесе одлука која е дирекно во спротивност со веќе донесената пресуда на Основниот Суд Скопје 1, против Звонко Костовски обвинет за шпиунажа во случајот Пуч. Оваа пресуда беше доенсена со спогодба при што шестообвинетиот Костовски самиот призна дека шпиунирал и незконски прислушкувал по налог на Зоран Верушевски.
Според пресудата на Основниот суд Скопје 1, обвинетиот Костовски е прогласен за виновен затоа што од 2010 година, па наваму како службено лице во МВР и дел од групата на Зоран Верушевски (заедно со Ѓ.Л.) неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите на лица од списокот што го добивал од З.В. и Ѓ.Л. Костовски ги внесувал телефонските броеви во машината на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните – Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска…
Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З.К. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В. во извршување на кривичното дело шпионажа од чл.316 од КЗ“, стои во судската пресуда.
Целта на првоосомничениот во овој случај, Зоран Верушевски, била овие материјали да им ги предава на странска држава, а за тоа сите добивале пари.
По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено во МВР, за кривичните дела: Шпионажа од чл.316 ст.4. в.в со чл.24 и Неовластено прислушкување од чл.151 ст.4, в.в со ст1, а во врска со чл.45 од КЗ Му се одмерува единствена казна затвор во траење од 3 години.“, се вели во пресудата.
Оваа пресуда е донесена по претходно јавно признание за стореното кривично дело за кое се товари ова лице во случајот „Пуч“.
Костовски дал признание за сите аспекти, актери, дејствија, околности и други детали поврзани со овој случај.
Со ова СЈО изврши директен упад во правосудниот систем на Република Македонија кој е уреден со устав и закон.
Во „Пуч“ осомничени се вкупно шестмина меѓу нив поранешниот прв човек на тајната полиција во време на СДСМ, Зоран Верушевски, неговата сопруга, локален функционер од Струмица и лидерот на опозицијата Зоран Заев.Според пресудата на Основниот суд Скопје 1, обвинетиот Костовски е прогласен за виновен затоа што од 2010 година, па наваму како службено лице во М