СЈО е слепо и глуво за дивоградбите на Теута Арифи

Специјалното јавно обвинителство, кое без никакви правни аргументи бараше замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за дивоградбите на тетовската градоначалничка Теута Арифи во градот со кој раководи е и слепо и глуво. Медиумите неодамна пишуваа дека Арифи ги гледа од канцеларија, ама не ги руши дивоградбите од црниот список во Тетово, пишува порталот Денешен.-Кога од Тетово ќе се погледне кон Шар Планина, кон патот што води кон Попова Шапка и од спротива кон Тетовското кале и течението на реката Пена, може да се види како еден цел град надвиснал на Тетово. Многу куќи на два, на три па и повеќе катови, огромни објекти за ресторани или хотели кои имаа и по неколку стотици квадратни метри површина, а сите имаат една заедничка карактеристика – сите се дивоградби. Општина Тетово во август, 2016 на тендер ја избира фирмата „Еуро инвест“, која  со нејзината градежна механизација треба да ги руши дивоградбите. На интернет страницата на Бирото за јавни набавки објавено е дека Општина Тетово на фирмата треба да ѝ исплати 6.500.000 денари или 100.000 евра за рушење на објектите. Иако од потпишувањето на договорот поминаа веќе 9 месеци, досега во Тетово се срушени само бараките кај старото Медицинско училиште и еден ѕид и ништо друго, пишуваа медиумите.
Толку ли беше слепа градоначалничката, прашувуваат тетовчани?
„Ова што го гледате над Тетово, овие огромни ресторани, хотели, куќи, бидете сигурни дека тиа никогаш нема да се рушат иако се дивоградби. Толку ли биле слепи инспекциите, па и градоначалничката, и не можеле навреме да видат дека се гради објект од стотици метри квадратни? Не треба воопшто некој да им каже, доволно е само да погледнале од прозорецот на нивните канцеларии, цела Шара и Кале се гледаат начичкани со дивоградби. Сето тоа ќе си остане така, а ќе се сруши некое поткровје или шупа на некој сиромав кој нема ниту пари ниту врски да си го зачува објектот. И уште нешто, кој градоначалник врши рушење пред избори? А ние во Македонија избори имаме секоја година“, вели тетовецот кој сака да остане анонимен.

Постапката за рушење на останатите дивоградби во Тетово кои ги има повеќе од стотина  е заглавена некаде во општинските служби и комисии.
„Сѐ што е изградено после 3 март, 2011 година според Законот за легализација на дивоизградените објекти, се смета за дивоградба и не може да подлежи на легализација. Ние како инспекциска служба ги имаме евидентирано речиси сите вакви објекти и тој список сме го испратиле до Комисија за легализација на Општина Тетово. Сега оваа комисија треба само да утврди дека овие објекти не можат да се легализираат бидејќи се изградени после дадениот законски рок и да ни достави такво решение. Врз основа на тоа ние, како инспекциска служба, дури тогаш можеме да ја започнуваме постапката за рушење на дивоградбата. Досега од Комисијата за легализација на бесправно изградените објекти немаме добиено ни позитивно ни негативно решение за ниту еден од овие предмети што сме и ги доставиле, а без такво решение ние не можеме да рушиме иако очигледно е дека станува збор за дивоградба“, вели Виктор Стојановски, раководител на инспекциските служби во Општина Тетово.-Кога од Тетово ќе се погледне кон Шар Планина, кон патот што води кон Попова Шапка и од спротива кон Тетовското кале и течението на реката Пена, м

Пронајдете не на следниве мрежи: