СДС преку подружницата наречена СЈО има за цел да води монтирана и политички инспирирана хајка против функционери од ВМРО-ДПМНЕ за да може да ја спроведува својата антидржавна и деструктивна агенда, кажа Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој надополни дека позадината е јасна, слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Затоа се водат тенденциозни случаи кои не се базирани на правни аргументи, туку на политички конструкции.-Случајот со обвинението за наводни шамари, е типичен пример за таква политичка конструкција коja е нарачанa од партиските кујни на СДС. Ниту се удрени шамари, ниту е физички нападнат градоналачникот Жерновски, изјави Костовси.
Костовски вели дека целиот случај се заоснова врз протести на здружение кое беше против стопирање на изградба на црквата во Центар, а целокупната штета се два скршени прозори кои се јавија како резултат на револтот на граѓаните, и ништо повеќе.
-Како и за сите други обвиненија нема правна основа, туку се штанцаа со цел функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се тормозат и влечат по судови додека СДС го спроведува сценариото за разнебитување на државата. СЈО треба да е свесно дека со ваквата своја работа покажа дека се само продолжена рака на Зоран Заев и судот на народот и историјата многу брзо ќе ги смести во најцрните епизоди од постоењето на Македонија, како институција која вршела нелегална хајка во време кога некој ја кроел судбината на Македонија, изјави Костовски.-Случајот со обвинението за наводни шамари, е типичен пример за таква политичка конструкција коja е нарачанa од партиските кујни на СДС. Ниту