СЈО го крши Законот

Специјалното јавно обвинителство продолжува со активности и истраги, а со самото тоа го крши Законот.Информациите кои ги добивме говорат дека, СЈО продолжува со активности и истраги, а направиле и упад во една компанија, одземајќи им документација во период на една година.
Тоа што го прават е нелегално, бидејки според Законот, работата на ова специјално јавно обвинителство требаше да заврши на 1 јули.
Член 22 од Законот за СЈО гласи: Јавниот обвинител кој раководи со СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.
За рокот на работа на СЈО минатата недела потесети и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, кој додаде и дека основањето на СЈО е дел на политички договор од Пржино и тоа е еден хибриден орган кој нема основа во Уставот.
-Тој орган беше основан со строго утврден рок и само во истиот може да се поднесуваат обвиненија или да се запре истрагата. Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на тој специјален јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, како што е договорено и наведено во членот 22.
Сепак, Катица Јанева уверуваше дека „ниту 30 јуни ништо не менува“ и дека СЈО ќе продолжи да работи по делата и дека и натаму ќе поднесува јавно обвинителски одлуки.
Според Маневски „треба да бидеме на чисто дека после 30 јуни тоа јавно обвинителство не може ниту да покренува ниту претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против било кое лице“.
-Слушаме сега некои разни начини на кои тоа ЈО настојува да ја продолжи работата, па да се префрлело во ОЈО, што е крајно недопустливо или да може и понатаму да ги следи телефонските разговори и да покренува предистражни и истражни постапки. Тоа е незаконито и апсолутно недозволиво затоа што тоа јавно обвинителство веќе нема мандат да покренува било какви постапки против било кое лице, објасни тогаш Маневски.
Всушност најавата на СЈО не е ништо друго туку јавна закана против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката хајка која ја врши како инструмент на Зоран Заев, а во пресрет на загрозување на националните интереси со воведување на двојазичност и креирање на бинационална држава, предавање на македонската историја и јазик на денот на прославата на Илинден, како и на решение на спорот со Грција на сметка на македонските интереси.Информациите кои ги добивме говорат дека, СЈО продолжува со активности и истраги, а направиле и упад во една компанија, одземајќи им документација

Пронајдете не на следниве мрежи: