Специјалната обвинителка Kатица Јанева крие колку од снимките од незаконското прислушување, кои ги поседува нејзиното обвинителство, се однесуваат на власта, колку на опозиционерите, а колку на бизнисмени и новинари, пишува ДНЕВНИК.-„Дневник“ веќе три дена чека одговор од специјалното обвинителство за тоа колку всушност лица биле прислушувани во Македонија и кои категории, односно кој бил главна цел на прислушувањето: власта или опозицијата, но од таму молк.
Прашањето колку од разговорите се однесуваат на функционери од партиите од власта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, колку на првите луѓе од опозицискиот СДСМ и неговите коалициски партнери, како и колку снимки има за новинари и луѓе од бизнис-сферата, е клучното за да се утврди кој, всушност, прислушувал во Македонија: дали Никола Груевски и Сашо Мијалков (како што тврди Зоран Заев) или, пак, странски служби заедно со Зоран Верушевски ги злоупотребиле системите за прислушување на УБK, а Заев беше искористен за нивна објава (како што тврди Груевски), објави ДНЕВНИК.
Од „најприслушуваниот“ нема снимки
Прислушувањето и објавата на снимките се во средиштето на политичката криза во Македонија која трае веќе две години, а до чија разврска тешко се доаѓа. Токму затоа со пржинските договори беа формирани две тела кои требаше да работат на темата: снимени разговори. Првото беше Анкетната комисија во Собранието, чија работа заврши неславно поради тоа што Петре Шилегов, токму од редовите на СДСМ, а претседател на ова тело, престана да закажува седници. Второто тело е специјалното јавно обвинителство чија надлежност се единствено кривичните дела што произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите. Тоа првично значи да се утврди кој кого прислушувал и зошто. Дали молкот на Јанева да открие колку од снимките се однесуваат на Груевски и неговите, а колку на Заев и неговите, всушност не значи дека таа одбегнува да открие кој прислушувал во Македонија?
Снимките првично ги поседуваше токму Заев. Тој на првите објави тврдеше дека има докази оти повеќе од 20.000 граѓани во земјава биле незаконски прислушувани од власта. Откри дека најприслушувано лице бил токму тој, а потоа неговите функционери во СДСМ и целата опозиција. Меѓу прислушуваните, велеше Заев, често се и новинари и бизнисмени. Единствено, велеше лидерот на СДСМ, немало снимки од Груевски, кој тогаш беше премиер, и од Мијалков, кој тогаш беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тоа, според него, беше крунскиот доказ дека токму тие двајца го договориле прислушувањето.
Заев од себе пушти два-три бенигни разговори, од кои еден со сопствената ќерка, од неговата заменичка Радмила Шекеринска одвај два, од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, ниеден, а на снимките не ги слушнавме ни потпретседателите Александар Kирацовски и Фросина Ременска.
Во јавноста излегоа шпекулации дека најприслушуван бил новинарот Драган Павловиќ – Латас. Сепак, тој не доби папка од Заев со сетот снимки за него. Латас дел од снимките со него ги слушна дури сега, по повеќе од година и пол и тоа незаконски објавени на „Јутјуб“, а за чија правна разрешница с` уште се чека од обвинителствата. Наспроти тоа, папки со снимки и транскрипти од разговори добија десетина новинари од опозициските медиуми.
Одговори нема
Во објавите на Заев, пак, речиси сите разговори беа на функционери на власта, и тоа од Груевски и Мијалков, за кои тврдеше дека ги нема, па с` до Миле Јанакиески, ексминистерот за транспорт и врски, потоа Гордана Јанкулоска од позиција на министер за внатрешни работи, министерот за финансии Зоран Ставревски, градоначалници и директорот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Досега ниту Заев ниту Јанева откри точно какви разговори беа предадени од лидерот на СДСМ во СЈО пред Нова година, иако од тогаш поминаа повеќе месеци. Kон средината на март од кај Јанева потврдија дека по три месеци најпосле завршиле со деталниот попис што и какви снимки предаде Заев, но бројките што ги вадеше лидерот на СДСМ за тоа колку снимки поседува и оние што ги даде СЈО не се поклопија.
Заев ~ предаде на Јанева еден хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма. Пописот во СЈО покажал дека на екстерниот хард диск се пронајдени 540.646 се аудиофајлови и 6.302 фајла со различен формат (Ворд, Ексел, ПДФ и други), како и 119.088 транскрипти од разговори и од СМС-пораки, содржани во книгите.
Заев првично тврдеше дека поседува над 600.000 разговори, за последната бројка што ја спомена да намине 1.050.000 аудиозаписи од незаконско прислушување.
Имајќи предвид дека предметот „Пуч“, во кој обвинети се Верушевски и Заев заедно со нивни соработници за шпионажа и користење на снимките за уцена на поранешниот премиер Никола Груевски, а кој требаше да открие кој всушност прислушувал, засега е во застој поради аболицијата на шефот на државата Ѓорге Иванов, единствен показател кој прислушувал е да се утврди кој бил всушност тема на прислушување.
Токму затоа, без да инсистираме на содржината на снимките бидејќи може да биде индиција за истраги, а тие се тајни, прашавме во СЈО: Kолку од разговорите што ги поседувате се на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Зоран Ставревски? Kолку од разговорите се на Зоран Заев? Kолку разговори има од Оливер Спасовски, Фросина Ременски и Александар Kирацовски? Kолку разговори има од Тито Петковски и Андреј Жерновски? Kолку разговори се од бизнисмени, а колку од новинари?
Одговори не добивме.
Досега прес-конференциите на Јанева и предметите што ги отвора покажуваат дека сите индицирани разговори се на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Разговорите на ДУИ, пак, најчесто со приватна содржина ги слушаме на „Јутјуб“.
Ова не е првпат Јанева да молчи за снимките. Пред две недели од СЈО не сакаа да откријат дали сетот приватни разговори на бизнисмени, новинари и функционери најчесто од редовите од ДУИ, кои беа противзаконски објавени на социјалните мрежи, потекнуваат од колекцијата што првично ја поседуваше Заев. Од таму велат дека тоа било тајна поради тоа што се водело предистражана постапка за нив.-„Дневник“ веќе три дена чека одговор од специјалното обвинителство за тоа колку всушност лица биле прислушувани во Македонија и кои ка