СДСМ и Зоран Заев преку својата продолжена рака СЈО се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од прифаќањето на тиранската платформа која е вовед во редефинирање и федерализација на Македонија. Наместо за ова да се зборува во јавноста, СДСМ сега со противправниот притвор на Сеад Кочан се обидува да го оттргне вниманието од своите антидржавни политики.За одлуката за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, донесена од сопругата на сдсмовскиот министер Владо Димов, Гордана Димова, не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ. Дополнително, Сеад Кочан е сопственик на медиум кој не е под контрола на Бихаќка и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста.
Освен немањето на правен основ, ова може слободно да се толкува како атак удар на СЈО против медиумите, бидејќи меѓу другото, Кочан е сопственик и на телевизијата ТВ НОВА преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ преку СЈО до медиумите. Ваквата одлука на Судот зад кој што стои политичка пристрасност на СЈО која што е видлива и е дел од поширок оркестриран напад кој што е насочен кон медиумите кои не се под контрола на СДСМ.
Сопругата на СДСМ-овскиот министер кој се гони за злоупотреба на службена должност Гордана Димова, покрај блиските релации на СЈО со СДСМ, имала и лична мотивираност за носење на таква противправна одлука. Веројатно пресудна за одлуката била и средбата со Мирослав Вуиќ, адвокат на раководството на СДСМ кој со Гордана Димова имал долг разговор во текот на вчерашниот ден.
Гордана Димова -Спировска е избрана за судија во 1987 година, а потоа реизбрана со политичка одлука на СДСМ во 1996 година. Таа е една од 600 те судии кои во Собранието на СДСМ без присуство на опозицијата со едно гласање беа избрани или реизбрани за судии.
Според познавачите, со противправниот притвор на Кочан, СДСМ преку СЈО врши дефокусирање од прифаќањето на тиранската платформа која е вовед во редефинирање и федерализација на Македонија.За одлуката за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, донесена од сопругата на сдсмовскиот министер Владо Димов, Гордана Димова, не постојат правни обр