СЈО претставува продолжена рака на СДС која работи под нивен диктат. Со сите нивни дејствија секојдневно потврдуваат дека се политичко обвинителство под контрола на нивната матична партија СДС. Секојдневното настапување на СЈО исклучиво е политички во координација на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Од своето дејствување СЈО ниту еднаш не се потруди да даде одговор на јавноста каде ги троши парите на граѓаните на Република Македонија. СЈО до сега потроши 4 милиони евра народни пари за политички прогон на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, и не дадоа соодветен извештај за кои потреби ги потрошија, а многу е веројатно дека огромен дел од овие средства не се потрошени во интерес на правдата туку единствено во партиски и непотистички цели. СЈО со овој буџет од 4 милиони евра успеа да вдоми партиски војници од СДС, внуци и роднини, истакна Бојан Стојаноски.
Пред неколку дена, додаде тој, СЈО бесрамно отвори нов оглас за вработување на нови 30 лица.
-Ова значи дека СЈО со новиот оглас ќе продолжи со практиката да вдомува членови и симпатизери на СДС и да ги финансира нивните астрономски плати и хонорари со парите на граѓаните. Трет ден по ред СЈО во стилот на нивната матична партија СДС не чувствува потреба да даде одговор дали со новиот оглас ќе бидат вработени нов контингент на деца, внуци, роднини на партиски функционери на СДС или пак партиски активисти на партијата на Заев. Тоа говори дека се нетранспарентни и неотчетни, и дека имаат единствено порив за организирање на политички прогон и трошење на средства за раскош и организација на скапи ручеци, подвлече тој.
Стојаноски истакна дека време е СЈО да престане да се фали со транспарентност, бидејќи граѓаните ги прочитаа.
-Граѓаните сфатија дека СЈО во суштина се нетранспарентни и неотчетни. Овие лица на сметка на народот ќе работат по диктат на СДС и ќе штанцаат политички обвиненија против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од очигледно е дека овие 30 ново ангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката против ВМРО-ДПМНЕ, но и уште 300 лица да вработат нема да можат да најдат докази за противправно однесување на било кој член на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ние сме работеле по закон и во служба на народот. Жално е што СЈО со парите на народот ќе продолжи да си задоволува партиски или непотистички страсти и потреби. Затоа ќе следува одговорност за сите постапки кои СЈО ги презема во нивниот политички прогон, и правна и историска одговорност.-Од своето дејствување СЈО ниту еднаш не се потруди да даде одговор на јавноста каде ги троши парите на граѓаните на Република Македонија. СЈО до с