недела, 29 ноември 2026
Најново

СЈО молчи дали обвинителките со чашка ракија сослушувале и странки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дел од медиумите вчера објавија дека обвинителки од тимот на Катица Јанева во опуштена атмосфера со чашка ракија во рака го поминуваат денот. СЈО денеска нема одговор дали споменатите обвинителки сослушувале и странки.Порталот Журнал вчера објави фотографии кои пристигнале до нивната редакција, а покажуваат дека специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Фатиме Фетаи, кои бараат продoлжување на мандатот, со алкохол во рака и во опуштена атмосфера го поминуваат денот во едно кафуле во близина на СЈО.

Остана отворено прашањето дали Стефанова и Фетаи во текот на денот сослушувале странки, доколку се се земат во предвид најавите од Jанева дека СЈО во текот на неделата ќе врши серија распити. КУРИР се обиде да добие одговор од СЈО дали Стефанова и Фетаи во текот на вчерашниот ден сослушувале странки, но од обвинителството на Катица Јанева не добивме никаков одговор.

 
Инаку, медиумите веќе пишуваа за испадите и арогантното однесување на специјалните обвинители, особено на обвинителката Лиле Стефанова,  чии недолични настапи нашироко се коментираа и осудуваа меѓу колегите.
Фото: Журнал.нетПорталот Журнал вчера објави фотографии кои пристигнале до нивната редакција, а покажуваат дека специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Фатиме Фе

Поврзани вести