Само неколку денови повеќе од двомесечна работа како доставувач биле доволни специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева на бучна новогодишна прослава, која се одржала во еден елитен скопски ресторан да му додели признание на својот вработен Борче Трајковски, попознат како Боки-Бургија, пишува „Дневник“.Познато е дека вработувањето на Трајковски, кое следуваше по огласот објавен во „Утрински весник“ на 1 октомври, предизвика реакции во јавноста со оглед дека станува збор за лице што во своите јавни истапи не крие дека е симпатизер на опозициската партија СДСМ.
„Потребни се илјада удари за да заковеш клинец во темницата“ – е мотото запишано на благодарницата што му е доделена на Трајковски „за особен придонес во работењето за 2016 година“.
За тоа дека го добил ваквото признание тој самиот се пофалил на социјалните мрежи. – Вечер за паметење. Дружење и забава. кои во една реченица би се опишале како: многу повисока категорија од она што вообичаено се нарекува соживот. Тенкју колешки и колеги… – напиша Трајковски на својот фејсбук- профил.
Не е познато со што тој го заслужил признанието што му го доделила специјалната обвинителка Kатица Јанева, а кое се однесува на сите 12 месеци од годинава.
Kога беше вработен, објаснувањето од СЈО беше дека тој е примен да врши технички и помошни работи и оти само тој бил пријавен на огласот за тоа работно место за кое ги исполнувал условите. Ова не беше единствен случај на вработување и ангажирање партиски кадри или, пак, лица што важат за поддржувачи на СДСМ, а кои се ангажирани како „експерти“. Освен ова, во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и Љупчо Чучурски, првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски и уште неколку лица што се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.
Биографијата на 60-годишниот Трајковски е „богата“ и со неколку кривични дела. За едно кривично дело – измама – тој во 2000 година бил осуден на една година затвор според членот 247 од Kривичниот законик. Врзано за ова обвинителката Ленче Ристовска тогаш изјави дека услов за осудуваност или неосудуваност немало во конкурсот.
– Друго е дали лицето има забрана за работа. А треба да се земе предвид и правниот механизам за рехабилитација – изјави таа во октомври по реакциите во јавноста.
Од друга страна, прексиноќешната прослава на вработените во СЈО во елитен скопски ресторан предизвикала и бројни реакции на социјалните мрежи од граѓаните што во тие вечерчни часови се затекле таму. Присутни гости на социјалните мрежи револтирано сведочат дека целиот втор кат од ресторанот е запоседнат, а дел од нив биле испратени и преместени во долниот кат, заради тоа што на предновогодишната забава славеле „важни и високи гости“. Важните гости, како што тие наведуваат, биле обвинителите од СЈО, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Kатица Јанева.
– Поради важни ВИП-гости целиот втор кат од „Ден и ноќ” е запоседнат. Поради важните гости, другите кои бевме на горниот кат не преместија на долниот. Фрчат скапи пијалаци, се пушат цигари, пристигна и жива музика, се игра и на маса. Kој плаќа за ваквата фешта? – сведочеа уште истата вечер на социјалните мрежи револтирани гости, кои се нашле во ресторанот.
Од СЈО вчера одговорија на прашањата на „Дневник“ и потврдија дека по повод новогодишните празници, имале организирано прослава во скопскиот ресторан.
– По наше барање, од ресторанот беше доставена понуда за чинење на новогодишната прослава на лице и секој вработен што беше заинтересиран да присуствува на прославата си уплати за себе од свои лични средства. Укажуваме дека за прославата не беа потрошени средства од ова јавно обвинителство. По однос на прашањето за пушењето, укажуваме дека беа почитувани законските прописи и правилата на ресторанот – се наведува во одговорот на СЈО. Познато е дека во својот годинашен извештај за трошење на определените пари за 2016 година СЈО наведе оти во шестмесечен период од 15 март до 15 септември оваа година потрошило вкупно 72.941.547,00 денари, односно повеќе од еден милион евра. Тоа се околу 28 проценти од вкупниот предвиден буџет за ова обвинителство, кој за 2016 година изнесува над четири милиони евра.Познато е дека вработувањето на Трајковски, кое следуваше по огласот објавен во „Утрински весник“ на 1 октомври, предизвика реакции во