За непрофисионалното работење специјалната обвинитекка Катица Јанева доби критика и од нејзините колеги од Основното јавно обвинителство, кои преку отворено писмо и порачаа дека „нејзината непрофесионалност и прави штета на обвинителската професија“.На точно една година откако Зоран Заев ги предаде прислушуваните материјали во СЈО, останува дилемата дали навистина се предадени сите нелегално снимени разговори, со оглед на фактот дека во текот на оваа година повеќе пати на социјалните мрежи се појавија нови разговори на политичари и во тоа најбројни беа политичарите од ДУИ и ДПА. Иако имаше обврска тоа да го стори во септември , цели три и пол месеци Заев не ги доставуваше материјалите под разни изговори. Меѓу изговорите највечатлив беше тој дека обвинителството немало соодветни услови да ги прими и да чуваа прислушуваните материјали, па за тоа бараа посебен сеф. Но, откако Владата експресно им го достави, објавија дека е несоодветен.
Врз основа на овие прислушувани материјали обвинителството на Јанева се очекуваше независно и непристрасно да ги разреши дилемите отворени со објавувањето на така наречените опозициски бомби. Но, една година подоцна според експертската јавност јасно е дека СЈО не одговори на предизвикот, и наместо да работи непристрасно и независно отвораше случаи единствено против челниците на ВМРО ДПМНЕ со цел да се наштети на нивниот углед, партискиот и рејтингот на партијата. „Специјалното јавно обвинителство се однесува селективно и е создадено да ја земе главата на Груевски – симболично кажано. Тие не бираат средства и начин како тоа ќе го направат, начинот на којшто настапуваше СЈО во целиот изминат период, активностите со кои што се зафаќаа, дури и практично прекршувањето на пресумпцијата на невиност, бидејќи оставаа впечаток дека бесилката е веќе наместена и дека криминалците само треба да се изнесат пред истата, говори за тоа дека станува збор за еден институционален монтрум, кој доколку продолжи да функционира ќе направи уште поголема беља“, посочува за радио Слободна Македонија, универзитетската професрока Иванка Додовска. И по една година од добивањето на бомбите, се се сведе на прес конференции каде беа изнесувани обвинувања за наводни големи криминали, а до Судот стигнаа само две обвиненија од СЈО, и тоа по скратена постапка.
За непрофисионалното работење Јанева доби критика и од нејзините колеги од Основното јавно обвинителство, тие преку отворено писмо и порачаа дека „нејзината непрофесионалност и прави штета на обвинителската професија“. Работата на СЈО од самиот почеток ја следеа низа скандали – почнувајќи од необјаснетото отпуштање на две од обвинителките кои првично беа именувани, продолжувајќи со тактизирањето на Заев со предавањето на материјалите а кулминирајќи со одбивањето на СЈО да даде отчет за своето финансиско работење. Имено, специјалната јавна обвинителка Јанева во септември годинава одби да одговори пред пратениците како ги троши 4те милиони евра доделени како буџет. За експертите сите овие факти кои укажуваат не нетранспарентно и непроофесионално работење се јасен показател дека оваа институција, која според правниците е спротивна на Уставот и не треба да очекува продолжување на својот мандат.На точно една година откако Зоран Заев ги предаде прислушуваните материјали во СЈО, останува дилемата дали навистина се предадени сите нелегално сн