Професорката Билјана Ванковска преку социјалните мрежи продолжува да го искажува своето мислење на специјалната обвинителка Катица Јанева, особено по интервјуто кое предизивка бура реакции во јавноста. Професорката смета дека СЈО треба да се тргне од политиката, бидејќи како што вели, Катица веќе покажала способост да се лизне на таков терен. Дополнително професорката не ја признава тремата како изговор за читањето на Јанева.-Таман сакав да напишам колумна за извештајот на Катица Јанева и за нејзиниот лик и дело, ама гледам дека веќе настанала хистерија: бесни кучиња ја нападнале во Собрание, на жената и се слошило, а никој слободоумен човек не смее да остане настрана, туку се очекува да излезе на улици да ја брани од пратениците. Сега не се осмелувам да кажам што мислам за Каламити Џејн 😉 Искрено, од онаа и онаква „расправа“ и мене ми се слоши, па прекинав да ја гледам. Ми се слоши од СИТЕ учесници (кој напиен, кој наапан, кој неартикулиран, кој злобен), а најмногу од тоа што сите си одговараа како лонче и поклопче. Најстрашно од се`, Катица Јанева совршено се вклопи во политичкиот циркус со досетки, драматични и срцепарателни изјави, со закани и одбивање да го поднесе финансискиот извештај, итн. Да, сиот тој циркус треба да заврши што поскоро, и не само седницата на Комисијата, каде најмалку се зборуваше за Извештајот (па дури и Катица го заборави да го презентира). Треба да се пушти СЈО да продолжи со работа (иако освен со прес-конференции, со малку што не` импресионираа), нека се тргне од политиката, бидејќи Катица веќе покажа способност да се лизне на таков терен. На правниците – правото, на политичарите и граѓаните – политиката! Но, интересно е да се види дека кога на судија или поротник ќе му се слоши, реакциите се инакви од овие кога на Јанева ќе и` се слоши – едните глумеле, а ова било автентично. Кога Хорхе пелтечи, тоа е брука, а која Кејти не знае да чита – тоа било трема. Се` зависи од политичките очила низ кои се гледаат нештата, т.е. своите јунаци, пишува Ванковска на Фејсбук.
Ванковска пишува и дека се сетила на една нејзина опсервација кога лани првпат ја видела Јанева на ТВ.
-Беше толку среќна и насмеана, небаре на лото извлекла премија, и се прашував дали сериозен човек може така да се однесува кога се нафаќа за толку одговорна работа како гонење на највисоки државни претставници. Подоцна од неа направија хероина, се испечатија маици и банери, и што ли уште не – и тоа без резултати од работењето, туку врз основа на (политички) очекувања. Ова е нејзиното прво „огнено крштевање“ и тоа во законодавна комисија. Се прашувам како ли ќе се однесува во судски процес кога спроти себе ќе има тим од неколку врвни адвокати кои ќе прават се` да и` ги побијат доказите? А да имаше вистински (а не суптилни, како што кажа во интервјуто) закани, таа досега срцев удар ќе доживееше. Затоа и бев разочарана кога ја видов: неука, неискусна и суетна, но никако цврста, аргументирана и бритка во умот. Ете тоа е… Целата правничка/судска приказна сега се разводнува и останува пуста надеж Јанева да биде вистински подготвена на долги и тешки рочишта. Новинарите и активистите ја размазија, и` внесоа погрешна претстава дека работата е завршена и дека таа е по дифолт хероина – и заборавија на другиот дел од „равенката“, политичка, медиумска и правна, додава професорката.-Таман сакав да напишам колумна за извештајот на Катица Јанева и за нејзиниот лик и дело, ама гледам дека веќе настанала хистерија: бесни кучиња ја