четврток, 26 ноември 2026
Најново

СЈО остана без кредибилитет, СДСМ ја изгуби последната надеж да се добере до власт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Илија Димовски жестоко се обрати до колегите од СДСМ на Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија со цел да го спречи сценариото на пратениците на СДСМ кои што преку процедурални забелешки требаше да го трошат времето на комисијата, а со самото тоа Катица Јанева да добива се помалку прашања од мнозинството.Сега следи операција бегство. Наместо пратениците да имаат време да прашуваат и Јанева да одговара, сега влегуваме во операција бегство која што значи госпоѓата Јанева да ќути, а као нешто сега ние процедурално ќе се расправаме и ќе го трошиме времето. Граѓаните на Република Македонија овие неколку денови разбраа колку институцијата СЈО ниту има концепт,ниту има професионалност, ниту има непристрасност, ниту знае што треба да работи. Госпоѓата Јанева призна дека не се комплетни предметите. Тоа професор од правен факултет го разбрал и крева паника. И мене тоа ми е совршено јасно, истакна Димовски.
Димовски додаде дека овие три дена комплетно се покажа неспособноста на СЈО и Катица Јанева да помогне да се реши политичката криза и дека таа е само последната надеж на СДСМ за на бикло каков начин да дојдат на власт.
-Вас ви е совршено јасно дека единствената надеж на СДСМ дека можеби ќе се добере до власт е после ова политичко рекетирање и политичко насилство спрема Република Македонија, единствената надеж СЈО ви се протнува како риба низ раце, се губи затоа што нема ниту капацитет, ниту сила, ниту докази. Госпоѓата Јанева вели дека сака да седи и да одговара, вие велите не нека си оди. Дали разбирате што и правите на госпоѓата Јанева, праша Димовски.Сега следи операција бегство. Наместо пратениците да имаат време да прашуваат и Јанева да одговара, сега влегуваме во операција бегство која што зн

Поврзани вести