Кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд денеска повторно се расправаше за барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“.Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски по завршувањето на рочиште изјави дека одбраната на барање на Судот доставила известување за здравствена состојба на Кочан. СЈО изразило сомнеж во медицинската документација, поради што било побарано докторот кој го лекува Кочан да биде повикан пред судијата за да каже за што точно станува збор. Ваквиот предлог бил одбиен од судијата, по што преминале на анализа на доказите на Врховниот суд, кој го укина притворот за Кочан.
Се очекува во текот на денот Судот да донесе одлука за тоа дали ќе го прифати или ќе го одбие барањето на СЈО за притвор на Кочан. – Судијата на претходна постапка има рок од шест часа да ја донесе одлуката, но мислам дека поради тоа што осомничениот денеска не беше присутен во Судот, овој рок ќе биде пролонгиран, рече обвинителот Бубевски.
Адвокатот на Кочан, Никола Додевски, изјави дека здравствената состојба на Кочан била исклучително сериозна и оти тоа е причината што бизнисменот бил повеќе од два месеца надвор од државата.
Првата одлука за притворот беше донесена во март. Кочан не беше достапен за органите на прогонот речиси два месеца, но и покрај тоа Врховниот суд му го укина притворот и го врати случајот на повторно одлучување. Одбраната на Кочан тврдеше дека тој е на службен пат. Кочан во Македонија се вратил во петокот на полноќ и веднаш се пријавил на скопската Клиника за кардиологија.
Во меѓувреме во Кривичниот суд е формиран нов кривичен совет според новиот распоред на претседателот на ОСС-Скопје1, Стојанче Рибарев. Новиот кривичниот совет предметот го врати кај судија на претходна постапка.
Кочан е осомничен во истрага на СЈО во која се осомничени и правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Според СЈО, конзорциумот од трите фирми остварил противправна имотна корист во износ од околу 17 милиони евра при јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот „Суводол“ во ноември 2011 година. Обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски по завршувањето на рочиште изјави дека одбраната на барање на Судот доставила известување за здравствена состојб