Иако портпаролката Ленче Ристоска најави, Специјалното јавно обвинителство СЈО се уште не одговара на прашањето Кои и колку експерти се наоѓаат на нивниот платен список и за колкави суми се ангажирани?Специјалната обвинителка Ленче Ристоска во име на СЈО на последната прес конференција рече дека ќе достави листа на експерти со кои соработува ова јавно обвинителство. До сега на јавноста и се познати тројца експерти: Светомир Шкариќ, професор на Правниот факултет, Александар Тортевски- адвокат и Мирослав Грчев професор на Архитектонски факултет. Сите тројца имаат различна област на работење, но имаат исти политички „обоени“ ставови и иста цел кон која „стрелаат“.
И покрај ветувањето на Ристоска, дека ќе ги достави листите на експерти со кои соработува СЈО, тоа не се исполнува. СЈО не ги достави листите, а во одговорот на прашањето кога до медиумите ќе биде доставена листата, дури три дена по испратеното прашање добивме само договор дека “листата ќе биде доставена со следниот шестмесечен извештај за активностите на ова Јавно Обвинителство, а ќе биде поднесен заклучно со 15.09.2016“.
-Точна листа на експерти во овој момент не можам да ви дадам, писмено ќе ви ја доставиме, нема никаков проблем, рече Ристоска на прес-конференцијата.
Двајца наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева. Ристоска на пресот на СЈО и јавно призна дека тие се на планиот список на СЈО.
-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена, истакна Ристоска.
Од Специјалното јавно обвинителство се уште нема коментар ниту за ангажманот на Мирослав Грчев кој од нивна страна е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос. Познавачите си го поставија прашањето – може ли Грчев да биде професионален и објективен ако се земат предвид неговите јавни настапни и отворената подршка на една политичка партија. По овие скандалозни одлуки на СЈО, на јавноста не и останува ништо друго освен да шпекулира и нагаѓа дали се точни информациите дека на платниот список на СЈО се и Јован Трпеновски, Гордан Калајџиеви други професори од правниот факултет.
Во денешното соопштение на СЈО до јавноста, најавено е продолжување на истрагите. СЈО соопшти дека ги примило Одлуките за поништување на Одлуките за помилување и по нив се постапува.Специјалната обвинителка Ленче Ристоска во име на СЈО на последната прес конференција рече дека ќе достави листа на експерти со кои соработува ова