Специјалното јавно обвинителство не ги почитува законите и прави медиумски циркус од постапките кои ги води. Според законот предистражните и истражни постапки се тајни, но според СЈО, кој се става над истите, овие постапки служат обвинителството на Катица Јанева да направи медиумски спектакл.Во членот 289 јасно е наведено дека „Сите дејствија преземени во предистражна постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“.
И членот 299 повикува на тајност и во истражната постапка.
Денес во СЈО, според објавите во дел од медиумите беа Силвана Бонева, Мендух Тачи и Самка Ибраимовски. Очигледно прекршувајќи го законот и информирајќи ги медиумите блиски до опозицијата за активностите кои ги спроведуваат, СЈО се обидува да направи медиумски спектакл.
-Кога го гласаа законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, во ниедна одредба не стоеше дека пред истражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко – медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало, изјави Бонева.
Дека СЈО ги интензивира активностите во корист на опозиција и спроведува кампања, минатата недела истакна и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која беше на распит во СЈО.
– Тие се целосно ставени во функција на политичката кампања на опозицијата, која и после толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Македонија и единствената и според нив најважна алатка за претстојните парламентарни избори останува да биде СЈО. Во периодот што следува очекувано е вакви распити да се повторуваат, да има интензитет на работа, впрочем како што го најавија тоа и самите претставници на обвинителството, истакна Јанкулоска.Во членот 289 јасно е наведено дека „Сите дејствија преземени во предистражна постапка од с