СЈО против граѓаните кои протестираа со цел да се одбрани изградба на црква, а молчат за дивеењето на шарените

Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднесе два обвинителни предлога, од кои вториот се однесува за случајот со протестите пред Општина Центар, каде група граѓани и МПЦ протестираа против стопирање на изградбата на црквата.На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која сакаа Жерновски и СДСМ да ја сопрат.
Протестите станаа масовни откако скопската епархија и граѓанаската иницијатива „Веритас“ повикаа за одбрана на изградбата. Штета од протестите беа три искршени прозорци, за разлика од платеничката револуција на СДСМ и СОРОС каде штетата се мери во милиони денари и беа повредени поголем број службени лица и полицајци.
 

И додека СЈО од една страна поведува обвинителен предлог за три искршени прозорци во Општина Центар на протест органзиран од МПЦ и граѓанска иницијатива со цел да се одбрани изградба на црква, од друга странa не кажува ниту збор и молчи за повеќемесечните насилни протести на таканаречена „Шарена револуција“, каде соросовите платеници и сдсмовски активисти се изживуваа врз спомениците на македонските народни херои, врз спомен обележја од историјата на Македонија.

За СЈО очигледно поголемо кривично дело е тропањето по прозорците на Општина Центар каде граѓаните сосема легитимно излегоа на протест за да протестираат против стопирањето на иzградбата на црквата, отколку каменување на македонски полицајци, демолирање државни институции, демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, сквернавење на Собранието на Република Македонија, Порта Македонија и низа други објекти. Во ваквото вандалско однесување лично учествуваа Зоран Заев и Радмила Шекеринска.
На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар

Пронајдете не на следниве мрежи: