СЈО САКА ДА БИДЕ ОЈО

СЈО како класичен парадржавен орган во земјата ја продолжува битката на јавна сцена за освојување нови „законски територии“. На СЈО му стана претесна и онака спорната законска надлежност што ја има во т.н. закон за специјалното јавно обвинителство па тргна во фуриозен поход за освојување нови „законски дестинации“.Тесна им стана кожата, или амбициите им се зголемија. Походов можеби и можеше да го сметаме за легален и за легитимен ако Катица Јанева знаеше точно што бара, и ако таа знаеше точно која е целта на основањето и на работата на СЈО. Вака, откако на целата јавност и стана јасно како убав сончев ден дека СЈО сосе главната Јанева една година не ги извршува основните законски обврски и работни задачи што произлегуваат од „нивниот закон“, логично што следи е да стапи на сцена процесот на демонтирање на првичната стратегија на СЈО, преку воведување нови елементи, нова тура барања до законодавниот дом. Да, да, доставување барања до истиот оној законодавен дом што Јанева го помножи со нула,што му скока врз главата на неговата легитимност. Која е целта на новава тура барања од Јанева искажани на конференција организирана токму од УСАИД?
Главната цел е секако дефокусирање од катастрофалните утки што СЈО ги прави секојдневно на јавна сцена. Дефокусирање од катастрофалниот личен рејтинг што Јанева го има во јавноста. Противуставниот насад сака уште надлежности, сака уште моќ, затоа што е свесен дека не можеда ја исполни клучната задача заради која е поставен во системот. Свесноста за сопствената неукост и непрофесионалност кон извршувањето на работните задачи, од за неа се поевидентната невозможна мисија на која се нафати, ќе ја тера Јаневауште подлабоко да заглавува во сопствената кал.
На ова се надоврзува и внатрешната совест на останатите специјални обвинители во тимоткоја се вклучува секое утро велејќи им„ниту доказиве што ги имаме се докази, ниту индицииве што ги мавтаме пред јавноста се основани индиции“. Гласот на разумот кај секој специјален обвинител води катадневен внатрешен бунт кој во изблик на паника ги тера да смислуваат нови и нови барања, нови и нови наводни попречувачи на правдата, само и само да се исперат од сопствената кал. Гласот на разумот им вели „ало вие треба да истражувате наводен криминал, а не сами да правите криминал“. Луцидните моменти на вистината, од една, се борат со наметнатата потреба на која тие безрезервно се нафатија, од друга страна. А наметнатата потреба на која тие безрезервно се нафатија еда сежигосуваат луѓе, да се дискредитираат цели семејства, да се шиканираат личности со цел целосно разорување на нивното достоинство, општествен и личен углед. Токму ова шило на вистината кое секојдневно им врти во еден дел од совеста кај специјалниве ја отвора вратата на се поевидентно присутниот страв во тимот на СЈО што ги тера да испорачуваат нови и нови барања кои немаат врска со работата на овој парадржавен орган. Тимот станува се посвесен дека барајќи ги на незаконски начин наводните криминалци, тие самите влегуваат во криминогена зона, над која СЈО нема надлежност, па оттаму и тие како инволвирани лица нема да можатлесно да се одбранат.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како орган основан на целата територија на Република Македонија е надлежниот контролен механизам над незаконски преземените дејствија на СЈО. Овој орган е ноќна мора на СЈО. СЈО знае дека и за него мора да важат законските одредби за контрола како ја вршат работата и како ги преземаат активностите и процесните дејствија на терен.
ОЈО е официјалниот орган што согласно законотим дише во врат на сите што работат на незаконски начин со цел примена на уставниот принцип на владеење на правото. Секој орган, секое лице без разлика каде работи и што работи мора да ги почитува Уставот и законите во државата. Оваа обврска се однесува и на вработените во СЈО. Барањето на СЈО да воспостави надлежност над делата што законот ги санкционира како „попречување на правдата“ е барање наметнато однивниот се повидлив хистеричен страв дека токму правдата ќе ги стигне и специјалните јавни обвинители, дека токму нивните преземени дејствија во текот на изминатата година можат да се подведат под делото „попречување на правдата“. Токму затоа овој орган ита брзо побрзо комплетно да ја презеде надлежноста над правдата, побрзо да им го извлече чергичето под нозе на редовните јавни обвинители.
Втора работа за која се свесни специјалните јавни обвинители е дека со преземање надлежност над „попречувањето на правда“ им се отвора вратата натаму да преземат надлежност над секое привично дело утврдено во Кривичниот законик. Само правни лаици и дунстери не знаат деказа секое кривично дело утврдено во Кривичниот законикможе да се примени делото„попречување на правдата“? Кое гонење на кривично дело не може да се  поврзе со „попречување на правдата“? Најдете ми едно такво кривично дело.
Кога СЈО упатува јавни барања до институциите на системот редно е да им ги објасни и на граѓаните своите искрени намери. А нивните искрени намери не се да постапуваат непристрасно, професионално, и одговорно во рамките на утврдените законски надлежности, туку полека но сигурно да ги супституираат официјалните државни органи што им прават тремор и им предизвикуваат страв. Супституирањето ќе им овозможинајслободно и во стилот на зацртаниот булдожерски колективен пристап да пристапат кон „косење на секоја тревка во системот“.
Прозирни ви се игрите, СЈО. Уште подилетантски ви се барањата. Кога во иднина ќе упатувате нови ултиматуми кажете и на онаа армија правници што ја плаќате од народните пари да се обиде да ви дава барем посуптилни совети. Вака апла ви се видливи намерите. Пренесете и на вашата армија платеници правници дека барањата што ги упатувате преку разно-разни конференции и други јавни настапи им се бесмислени и трагикомични. Нели сте свесни дека со вака срочените барања ве срамат и вас како СЈО, а богами се срами и целата разумна правна фела во државата. Исто така, пренесете им дека политичките партии се правни лица, и дека одредбите од Кривичниот законик член 28-а, и 28-б, се директно применливи и за кривичната одговорност на политичките партии. Не само член 122 став 6, кој повторно ви го утнале или подметнале, госпоѓо Јанева, бидејќи овој член се однесува на „Значење на изразите на Кривичниот законик“.Тесна им стана кожата, или амбициите им се зголемија. Походов можеби и можеше да го сметаме за легален и за легитимен ако Катица Јанева знаеше точн

Пронајдете не на следниве мрежи: