Во Република Македонија реформите на правниот систем не смеат да ги прават луѓе за кои што постојат сериозни индиции и докази дека го прекршиле законот и во таа смисла мора да се внимава сериозно, кој ни ги прави реформите во правниот систем, но и кој ни ја води државата, кажа Тања Каракамишева-Јовановска на панел дискусија на „Павел Шатев“.Република Македонија стана заложник на една политичка елита која што преку разни малверзациски начини, на разни би рекла подземни начини дојде во Македонија да ни биде власт. Луѓе кои што се компромитирани по секоја основа, аболицирани криминалци кои не заслужуваат да водат фирми, а камо ли држави, но ете за жал и тоа е можно во Република Македонија. Можно е целосно да дојде до уривање на вредностите и ставање на погрешни луѓе на вистинските места, изјави Каракамишева.
Таа кажа дека новата власт цело време ветуваше европски реформи во правосудството, а го добивме СЈО, кој според неа е еден класичен политички егзекутор на сегашната политичка опозиција.
-СЈО треба да ја сомеле и да ја уништи целата ВМРО-ДПМНЕ, посебно раководната структура, со цел да му создаде на Заев отворен простор за спроведување на неговите антимакедонски политики. Од тој факт ниту може СЈО да избега, ниту може да се спротистави со аргументи, затоа што не постои ниту еден правен аргумент врз кој СЈО ги заснова обвиненијата против клучните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа кажа дека СЈО ниту во истрага, ниту сега пред судот не можеше да понуди ниту еден доказ.
-СЈО за жал ниту е самостојно, ниту е непристрасно тело, кое што со факти ќе докаже дека работи за правдата и за почитување на правото во Република Македонија. Напротив, можеме да констатираме не само што ова обвинителство ја утна работата за која е поставено, туку комплетно се стави во одбрана на политичката гарнитура која е сега на власт. Со предмети кои се апсолутно неиздржани, немаат никаква вска со правото, со предмети каде што се повредени дузина принципи во законот за кривична постапка, со предмети каде што се претставува некоја лажна надмоќ на специјалните обвинители, посебно на прес конференциите, каде презентираат сопствена надменост во правосудниот систем, изјави Каракамишева.
-СЈО не се поставува во улога на чувар на човековите слободи и права, затоа што сите кои што се обвинети од нивна страна се дискриминирани по однос на политичко верување и политичко уверување, изјави Каракамишева.
Таа кажа дека одлуката да се одземат пасошите на лица од ВМРО-ДПМНЕ е незаконски, бидејќи нема никакви конкретни докази за тоа. Таа кажа дека со ова се попречува правото на движење на луѓето. Таа ја повика Апелација убаво да разгледа и да процени дали постојат докази дека решението во прв степен е точно донесено.
-Доколку сакаа да побегнат, политичарите од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараа аболиција од претседателот. Зоран Заев два пати тврдеше дека ќе побара повлекување на аболицијата, но од тоа се уште ништо. Ако тој смета дека е невин треба да си докаже во судска постапка, а не да се крие зад аболицијата. И раководните лица на ВМРО-ДПМНЕ може да ја искористат аболицијата во овој момент, но не сакаат, нема зошто да бегаат, чисти како солза се, изјави Каракамишева.
Професорката вели дека ова е класичен политички реваншизам, класична политичка егзекуција, преку СЈО и Катица Јанева, кое според нејзините зборови работи по наредба на Зоран Заев.Република Македонија стана заложник на една политичка елита која што преку разни малверзациски начини, на разни би рекла подземни начини дојде во М