Таканареченото СЈО во правниот систем на земјата е должно да ја врши функцијата на кривично гонење, и да ги штити државните интереси. Но, едновремено, овој орган треба да биде и чувар на човековите права и слободи на сите субјекти во кривичната постапка. СЈО, како и редовното јавно обвинителство, како и сите обвинителства во светот, е должно во текот на своето постапување и работа да ги штити уставноста и законитоста во земјата, да биде ослободен од влијание на кој било политички или друг фактор, да работи со неселективен пристап, неполитички, во насока на зацврстување на сопствената независност и самостојност, штитејќи го на тој начин авторитетот и кредибилитетот пред јавноста како независен државен орган.СЈО, исто како и редовното јавното обвинителство во Република Македонија, мора да работи исклучиво и само во согласност со Уставот и со законите. Но, дали е така? Дали СЈО постапува на начин и во согласност со законските обврски? Дали овој државен орган е вистински заштитник на човековите права, или обратно, сe повеќе се препознава како орган што директно ги повредува?
Без повторно да навлегувам во елаборирање на противуставната позиција на СЈО во правниот систем на земјата, а имајќи ги предвид сите до сега преземени активности и дејствија на овој орган, може да се констатира дека СЈО е школски пример како еден јавнообвинителски орган не треба да постапува и да работи во правосудниот систем.
Без повторно да навлегувам во елаборирање на противуставната позиција на СЈО во правниот систем на земјата, а имајќи ги предвид сите до сега преземени активности и дејствија на овој орган, може да се констатира дека СЈО е школски пример како еден јавнообвинителски орган не треба да постапува и да работи во правосудниот систем.
Со самиот факт што во јавноста се уште не се знае точниот број на незаконски прислушувани материјали што постојат во нечии персонални архиви, СЈО ја промаши својата основна задача. Не ги гони за криминал тие што се докажани криминалци, познати со име и презиме, туку создава илузионистички претстави дека некои лица можеби се криминалци. Имајќи предвид дека СЈО не сака да истражи од каде му се на Заев и зошто токму Заев ги добил и ги користел на незаконски начин овие прислушувани материјали, овој државен орган влетува со сто километри на час во кривината наречена спирала на незаконитоста. На овој начин СЈО ја прави првата и најголема повреда на законите и на Уставот во земјата.
Второ, СЈО во целиот тек на постапувањето повредува бројни човекови права на странките загарантирани со Уставот и со меѓународните документи. Пресумпцијата на невиност, правото на слобода, правото на уставно загарантираниот интегритет на човекот, неговото достоинство, углед, приватен и семеен живот, правото на еднаквост (недискриминација), правото на ефикасна одбрана, еднаквост на оружјата, постапување во разумен рок и слично, се само дел од човековите права што СЈО секојдневно им ги повредува на странките. Со својата театралност и глума, непозната за оваа функција и професија, со помпезноста на дејствијата што ги презема, со медиумските егзибиционизми што ги прават во најавувањето на своите идни чекори, СЈО дефинитивно излезе надвор од овластувањата утврдени во законот за кривичната постапка, и влезе во доменот на филмската и театарска индустрија.
Трето, тајноста на предистражната, и на истражната постапка што е законски утврдена и заштитена е непозната категорија за СЈО. Испитувањата на фактите што одат во полза на обвинетиот за СЈО е право на обвинетиот да ја докажува сопствената невиност. За СЈО докажување на невиност и доставување докази што одат во полза на обвинетиот е иста работа. Иако невиноста е уставно загарантирана и заштитена се додека не се утврди вината на човекот со правосилна судска пресуда, за СЈО постои обратна претпоставка од онаа во Уставот. Според СЈО, секој човек за кој тие одлучиле да започнат предмет се смета за виновен, кој, по сила на СЈО, треба да ја докажува својата невиност, И тоа не пред суд, туку само пред СЈО.
Исто така, за СЈО е во согласност со принципот на почитување на тајноста на истражната постапка ако сите опозициски новинари и политичари неколку дена или недели претходно ги знаат чекорите што тие ќе ги преземат. За специјалните обвинители е нормално Жерновски, Заев, опозициските новинари, да и кажуваат на јавноста кои се следните дејствија што СЈО ќе ги направи. Наместо да се сконцентрираат на своите вистински обврски и да започнат да истражуваат предмети за кои постојат сериозни докази, СЈО раскажува медиумски приказни. Во недостаток на предмети за кои има докази, СЈО продолжува да „креира“ докази преку изнудување признанија и изјави од сведоци. Впрочем, јавноста е запознаена со поднесените кривични пријави против неколку специјални обвинители за кои постојат основани сомневања дека ја злоупотребиле службената должност и незаконски се однесувале кон многу лица.
Четврто, СЈО очигледно го крши законот и во делот на обезбедувањето увид во доказите на обвинетите во постапката. Субјективното и пристрасно толкување на правото на увид на странките е надвор од секоја правна логика. Во денешни услови да се дозволува само рачно забележување на податоците без да и се дозволи на странката и нејзината одбрана фотокопирање или скенирање на документите што и се ставаат на нејзин товар е правно самоволие и дилетантизам. Увидот во списите што СЈО ги дефинира како докази мора да се дозволи целосно, со сите права што следат од него. Формалното давање увид на документите е повреда на постапката, и на законите, повреда на човековите права на странката и на Уставот. Тоа најдобро може да се види од одбраната на Јанкуловска, која и по три направени обиди (упатено официјално барање, ургенција, поднесок) да и биде овозможен увид во доказите за случајот „Тврдина“, тоа не и било дозволено. По јавно упатеното барање од страна на Јанкуловска преку медиумите, одбраната го доби правото само рачно да ги забележува податоците, без можност т.н. „докази“ да бидат обезбедени од одбраната и натаму детално разгледани, што е сериозна повреда на правата на обвинетата да има фер третман со еднакви права како и јавниот обвинител, кој е странка во постапката со еднаква тежина како и обвинетата.
Оттука, може да се забележи дека СЈО стана синоним, второ име за орган кој ги злоупотребува законите и ги извртува законските одредби во казнено-процесната постапка. Не постои ниту еден предмет кој СЈО го има оформено, а кој е во целосна согласност со одредбите од Законот за кривичната постапка. СЈО уште не започнат да работи си го згази сопствениот авторитет пред јавноста преку легендарната изјава на Јанева дека ниту една македонска политичка институција нема легитимитет, освен неа. Само Јанева и СЈО имаат легитимитет во земјата. Никој друг. Само Јанева и СЈО имаат привилегирани права и посебна позиција во системот. Ниту еден друг јавен обвинител, ниту една друга странка.
Само за СЈО, странските амбасадори ги искинаа чевлите одејќи натаму наваму по институциите и судовите во земјата. Само за СЈО се носат посебни закони, се утврдува посебна автономија, се крши Уставот, се крши законот за начинот на избор, висината на платата и додатоците. СЈО е навистина специјален во секоја смисла. Влакно не смее да му фали, а од друга страна, специјалните обвинители имаат право да се замислуваат дека се фараони, неприкосновени, арогантни семоќници на кои се им е дозволено доколку ги испорачаат резултатите заради кои се основани- да шират политичка пропаганда за оцрнување на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа пропаганда не може да се развие во ништо посериозно и поиздржано. И како и сите други пропаганди, и таа ќе мора еден ден да заврши, да се испразни, да се разголи. Прашањето што следи е што потоа? Kако мислат овие обвинители натаму да работат во земјата? Kој граѓанин ќе има верба во нив по сите овие бесрамно изведени правни лудории?
Уште сега е јасно дека „зголемената фреквенција на сведоци“ во СЈО е доказ дека специјалниве немаат ништо конкретно за никого, и за ништо. Имаат само желба да ги шиканираат странките-функционери на ВМРО-ДПМНЕ, јавно да ги омаловажуваат и оцрнуваат, за сериозно да им наштетат на нивниот углед, политички статус и личност. А имаат и голема желба да станат судии. Во недостаток на специјален суд, омилено барање на нивните ментори, СЈО сака да стане суд, и на сите да ни пресуди. Според нивните специјални лудориски аршини…
Тања Kаракамишева-Јовановска за ДНЕВНИКСЈО, исто како и редовното јавното обвинителство во Република Македонија, мора да работи исклучив