СЈО во изминатиов период со сите дејствија само потврди дека е политичко обвинителство, под контрола на СДС, изјави на денешната пресконференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.-Сите отворени случаи од страна на СЈО се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото. Настапувањето на СЈО исклучиво е политички и во координација со СДС. Намерата на СЈО е да конструира и монтира случаи единствено против раководството на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе му помогне на СДС да ја дефокусира јавноста од нивните погубни политики во кои Заев се пазари со највисоките државни и национални интереси. Во недостиг на докази во обвиненијата, очекувано е на копче да се активираат луѓе како Маргарита Цаца Николовска, Ѕвонко Давидовиќ или Јован Трпеновски. Мора некој да излезе со паушални изјави за да креира атмосфера во која судот би требало да ги прифати барањата или обвиненијата на СЈО кои се срам за секој правник. Демек тие биле издржани. Некој ако ги праша и Николовска, Давидовиќ и Трпеновски дали ги виделе и проучиле предметите, одговорот е не. Од едноставна причина, истрагата што се водеше е тајна. Од каде тогаш овие експерти знаат дали обвиненијата се издржани или не? Дали треба да се прифатат или не? Дали треба да се одредуваат притвори или не?, прашува Стојаноски.
Тој вели и дека не знаат, но исто како и Катица Јанева, мора да глумат дека ги знаат предметите за да може медиумите под контрола на СДС да вршат притисок врз судот.
-Не би имало потреба од вакви акробации доколку СЈО постапуваше правно, врз основа на докази а не политички. За жал тие се согласија да го заборават правото, да се стават во политичка функција и да истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи измислени и нарачани од Зоран Заев. Таргетот на СЈО е само една политичка партија, таргетот се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што остана со народот, единствен бедем за одбрана на државата, рече Стојаноски.
Потенцираше дека СЈО е веќе прочитана од граѓаните. Секому му е јасно начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди.
-СЈО е мрачна страница на македонското правосудство. Катица Јанева и нејзините соработници може да се чувствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Реалноста сепак не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење, заврши Стојаноски.-Сите отворени случаи од страна на СЈО се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото. Настапувањето на