СЈО води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Под силен притисок на други центри и СЈО, Кривичниот суд се обиде да најде баланс за некои работи иако нема основ дури ни за мерки за претпазливост за определување и се сомневам во доказите кои СЈО ги има дадено, вели аналитичарот Оливер Андонов за Алфа телевизија коментирајќи ги одлуките на Основниот суд Скопје 1 по однос на предлозите на СЈО.Штом нема докази за мерки притвор тогаш зошто се определуваат други мерки за обезбедување присутност на лицата, е малку дискутабилно и чудно. Тоа е дел од она што целокупно СЈО го води како хајка и прогон против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува Андонов.
Аналитичарот за Алфа вели дека ако ја согледаме работата на СЈО може да се каже дека не успеале ништо да сработат затоа што не ја започнале работата од почеток како што треба.
-Требаше да го завршат случајот „Пуч“, а од него ќе излегоа многу други работи. Апелирам до граѓаните во овие тешки моменти за државата пред се, при отворен политички атак врз најголемата политичка партија во Македонија да не ги испуштаат деталите и работите кои минаа, бидејќи обидот на СЈО и на СДС е креирање на кратко паметење кај граѓаните и амнестирање од одговорност на Заев, Верушевски и раководството на СДСМ за прислушување и други криминали, вели Андонов.
 
Штом нема докази за мерки притвор тогаш зошто се определуваат други мерки за обезбедување присутност на лицата, е малку дискутабилно и чудно. Тоа е

Пронајдете не на следниве мрежи: