МВР и обвинителството за гонење организиран криминал, во јануари пред две години обвинија дека поранешниот контаразузнавач Зоран Верушевски, шпионирал и собирал документи од државни институции.Криптирани пораки, анализа на безбедносната состојба и политичките случувања во Македонија, скајп комуникации и заговор на црни сценарија. Писма рачно напишани, за кои Заев потврди дека му ги испраќал на Верушевски, видео снимка од уцената во премиерскиот кабинет, не се доволно докази за СЈО и Катица Јанева, за да биде застапник на обвинението за мега аферата „Пуч“, во која до вчера беа обвинети 5 мина, а шесто осомничениот призна вина и заврши во затвор, објавува Алфа телевизија.
МВР и обвинителството за гонење организиран криминал, во јануари пред две години обвинија дека поранешниот контаразузнавач Зоран Верушевски, шпионирал и собирал документи од државни институции, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се заканувал и го уценувал тогашниот премиер Груевски дека ќе ги објави компромитирачките материјал.
Форензичката анализа на носачите на информации од запленетите компјутери на Верушевски открија скајп комуникација меѓу него и Лазаревски. Кока кола 10а и оркестар 11 беа имињата кои ги користеле. Според истрагата беа пронајдени и анализи на политичката и безбедносната состојба во Македонија, неколку години наназад, поткрепена со тези, транскрипти од телефонски разговори и смс пораки.
Поголем дел од нив биле симнати од хар диск на веќе оштетен лап топ, еден од синовите на Верушевски се обидел да го искрши со секира пред да падне во рацете на полицијата, информираа тогаш од МВР. Лап топот, го уништил но хардискот останал неоштетен, па полицијата стигнала до траг на поголем број активности кои ги имал контраразузнавачот, информираа тогаш од МВР.
Полицијата во домот на Верушевски најде и писмо, за кое лидерот на СДСМ потврди во телевизиско интервју дека му го испратил.
„Работата која ја чекавме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив многу високи познаници од партијата на премиерот … (мислејќи на странската држава) кои се токму на општествените позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и вие. Сега останува само да ми кажете кога може да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но богами и овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата“ – му напишал Заев на Верушевски.
-Писмото е автентично, комплетно точно – изјави претседателот на СДСМ, во интервју за 24 Вести, во февруари 2015 година.
За време на истрагата полицијата откри дека поранешниот шеф на ДБК, усовршил криптиран начин на комуникација со членовите на неговото семејство. Пораки меѓу себе не пишувале со букви, туку со бројки. Како да го разберат напишаното знаеле единствено тие. За секоја буква, имало број некои букви ги пишувале со едноцифрени, а некои со двоцифрени броеви. Еден од телефоните беше најден за време на апсењето на сопругата на Верушевски во домот на 5 обвинетиот, во Струмица. Според полицијата за време на акцијата таа го фрлила телефонот преку прозор.Криптирани пораки, анализа на безбедносната состојба и политичките случувања во Македонија, скајп комуникации и заговор на црни сценарија. Писма ра