Скај Њуз: „Русија го крие бројот на загинати војници во Сирија“

Официјална Москва соопшти дека тројца руски војници настрадале во борбата против ИСИС, но постојат сомнежи дека бројот е поголем – доказ за тоа се тврдењата на еден руски блогер.Скај Њуз тврди дека поседува доказ за тоа дека Русија го крие бројот на своите војници кои загинале во Сирија и дека тајно ги погребува.
Наводно, сандаците со загинатите руски војници се пренесуваат во Русија без медиумско внимание и скришно се погребуваат. Како доказ за тоа, Скај Њуз го наведува тврдењето на рускиот блогер Руслан Левиев кој вели дека војникот Фјород Журављев (27) од селото Паљцо крај границата со Белорусија, бил погребан без големо внимание на јавноста пред 3 недели.
Неговите родители наводно му рекле на Левиев дека воените власти не им рекле како точно настрадал нивниот син.
„Немаше време за тоа, сѐ се случи брзо. Сѐ уште не знаеме ништо“, рекла мајката на Фјодор.

Russians are concealing the true number of military deaths in Syria, Sky News reveals https://t.co/UDKPEgV7sJ pic.twitter.com/ikxQP628G8
— Sky News (@SkyNews) December 22, 2015

Блогерот тврди дека во селото се зборува дека Журављев загинал во Сирија. Исто така, тој верува дека уште еден руски војник загинал во Сирија.
Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела изненади многумина откако призна дека руските војници беа распоредени во источна Украина додека траел конфликтот во таа земја, наведува Скај Њуз и тврди дека има мноштво докази за дејствувањето на руските војници во Украина.
Како што наведува истата агенција, сѐ појасно е дека Русите ги користат истите техники во Сирија за да ги прикријат размерите на своите активности, како и бројот на жртви.
„Мистериозните загинувања и тајните погреби наведуваат на тоа дека руската влада целосно не го откри својот ангажман во Сирија“, вели Скај Њуз.
Министерството за одбрана на Русија остро ги демантираше овие медиумски шпекулации.Скај Њуз тврди дека поседува доказ за тоа дека Русија го крие бројот на своите војници кои загинале во Сирија и дека тајно ги погребува.
На

Пронајдете не на следниве мрежи: