СКАНДАЛ: Германски таен агент пронајден мртов. Во неговиот стан се наоѓале компромитирачки документи!

Полицијата откри и дека овој Германец го истражувал движењето на руските подморници и терористичката организација Исламска држава, а во неговиот стан биле пронајдени неколку лаптопи, таблети, преку 15 картички од банка од кои 5 биле во функција, како и повеќе германски и српски пасоши.Иако бил пронајден мртов на 3-ти јули, полицијата дури завчера ги објави сомнителните документи, фотографии и мапи, но покажа и германска полициска значка која гласи на извесен Томас Ледерстатер, за кого постојат сомнежи дека е германски таен агент кој со денови лежел мртов во Борча.
Во неговиот стан била пронајдена и папка со фотографии, документи и детални описи на сите терористички напади кои во последните 15 години се случиле во светот.
Српската полиција побарала објаснување од Амбасадата на Република Германија во Србија и доставила извештај со бројот на пасошот и датумот на раѓање на мртвиот човек – 1. март 1966 година!
Телото на мртвиот Германец го пронашле соседите, бидејќи им било чудно што неколку дена не го виделе, ниту пак слушнале за него.
Германецот бил висок, слаб и ќелав. Соседите додале дека бил многу повлечен и дека со никого не разговарал.Иако бил пронајден мртов на 3-ти јули, полицијата дури завчера ги објави сомнителните документи, фотографии и мапи, но покажа и германска полициска

Пронајдете не на следниве мрежи: